На навредливите изјави на Ковачев им нема крај: Петков демонстрира “апсолутна шизофренија” во преговорите со Македонија

Заради „патетичните коалициски препукувања на Кирил Петков“ и поради „поранешната Комунистичка партија“ не можеме да и пружиме воена помош на Украина со одбранбена опрема, изјавил бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за „БНР“.
Тој е со мислење дека бугарската влада демонстрира „срамно однесување“.
„Не знам зошто да брзаме“, рекол Ковачев за ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Македонија.
Според Ковачев, „РСМ се плаши да направи чекор напред и да му сврти грб на југословенското наследство и притоа е најмалку реформирана, заедно со Србија, од другите поранешни југословенски републики“.
Според европратеникот кабинетот на бугарскиот премиер Петков демонстрира „апсолутна шизофренија“ во однос на надворешнополитичките приоритети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петков: Францускиот предлог е најдобар, утре одново…
Владата во Бугарија попладнево заседавала и е…
Бугарската легенда Петков: Не сакам ни да…
Легендарниот голман на Бугарија, Георги Петков не…
Бориславова: Петков наскоро нема да го посети…
Бугарскиот премиерот Кирил Петков наскоро нема да…
(Видео)Средба Ковачевски-Петков во “искрена и отворена” атмосфера
"Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот Кирил Петков…
(Видео) Идентитетот бетон: Му се лизна „Македонка“…
Во интервју за Сител бугарскиот премиер Кирил…