На Онкологија од денеска ги има биолошките лекови што недостигаа

Двата биолошки лека кои недостигаа на Клиниката за онкологија од денеска ги има за пациентите, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.
-Среќен сум да известам дека сите пациенти за кои недостигаше, од денеска ги имаат и овие два биолошки лека, изјави Таравари на настан на кој беше најавен проект за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство.
Соопшти дека постојано е во комуникација со директорот на Онкологија и дека доцнењето се должело на тендерските процедури.
-Не е дека тој згрешил нешто. Процедурите за набавка на одредени лекови траат и ако објавите пред три месеци тендер за тие лекови, мора да причекате и време на жалба и одредени процедури. Бидејќи се работи за меѓународни тендери потребно е време. Има прекин од само неколку дена, меѓутоа јас сум за тоа и тогаш да се алармира, рече министерот за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша”…
Вечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја…
ХРВАТСКА САКА ДА ГО СРУШИ ВУЧИЌ ЗАТОА…
Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, денеска…
ВИСАТ ВО ВОЗДУХ НОВИТЕ АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ОД…
Техничкиот аранжман за набавка на 8 армиски…
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…