На Попова Шапка 11 степени под нулата и 46 сантиметри снег

t

Најстудено изутринава во државава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -11 степени, по што следат Маврови Анови со -10, Берово – 8, Kрушево и Крива Паланка со – 7. Минус шест степени под нулата се регистрирани во Скопје-Петровец, – 5 во Куманово и Штип, -4 во Претор, Тетово, Прилеп, Виница и Демир Капија, -3 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Гевгелија, а – 2 во Струмица и Охрид, 0 во Дојран, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

На Попова Шапка има 46 сантиметри снег, 38 во Крушево, 31 во Маврови Анови.

УХМР најавува дека времето денеска ќе биде сончево, студено и ветровито, со мала до умерена облачност поголема во јужните делови. Во крајните јужни делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протест во Тетово: Дали требаше да се…

Во Тетово се одржа протест на група…

Жена прегазена од комбе во Тетово, со…

Вчера околу пладне, 43-годишна жена од Тетово…

Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека,…

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор…

Жена прегазила 18-годишна девојка во Тетово и…

Уште еден инцидент со прегазен пешак се…