На тројца комити еден кодош – Ристо Новачевски го продаде сопствениот кум

t

Ристе Новачевски го продаде сопствениот кум, Никола Груевски во својот исказ пред суд, но и ги заглави сите во постапката со признание за кое не постои никаков материјален доказ, признание кое само ја продолжува кариерата на обвинителката Лиле Стефанова.

Случаите на СЈО веќе петта година по ред го поткопуваат и руинираат правосудниот систем во Македонија.

Oвие случаи чија единствена цел беше промената на власта во Македонија, претставуваат класичен политички прогон кој веројатно во годините пред нас ќе претставуваат пример за тоа како не треба да се води кривични постапка, како со тортура и притисоци може било кој човек да се доведе до ситуација да даде лажно признание неможејќи повеќе да го издржи притисокот.

Токму за да се заштитат граѓаните од ваква психичка тортура обвинителството мора да да спроведе истражна постапка па дури откако би прибрало доволно докази кои ги цени судот може да започне кривична постапка.

Случаите на СЈО се ноторно познати по фактот дека во нормални услови судот не би започнал никаква постапка поради недостаток на докази, но притисокот на политиката си го прави своето.

Сега како во 1945-та година ред по ред се редат лажни признанија на вина и лажни сведочења на обвинети кои едноставно повеќе не можат да го издржат товарот на нивниот грб. Се работи за случаи кои се одолговлекуваат со години, случаи во кои не пренавагнале на страна на обвинителството, а обвинетите имале години и месеци да го признаат делото, но не го сториле тоа свесни дека ако има правда ќе завршат на слобода.

Но правда нема…

Токму еден класичен пример политички прогон попладнево се случи на рочиштетот за случајот „Плацеви на Водно“, рочиште на кое меѓу обвинетите е и Ристо Новачевски кум на екс-премиерот на Република Македонија, Никола Груевски.

Со трепер во гласот одговорајќи на прашања на сопствениот адвокат Новачевски одговараше со однапред одредена цел да ги задоволи апетитите на обвинителката Лиле Стефанова со која речиси постојано беше во контакт со погледот.

На сведочењето на Новачевски претходеа низа на дебакли на Стефанова предизвикани од недостаток на материјални докази, материјални докази на одбраната кои го побиваат обвинението, но и сведоци кои изречно потврдија дека никогаш не се случило Никола Груевски да го оштети буџетот на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу сведоците единствен кој тврдеше дека Никола Груевски сака да купи плац на Водно беше поранешниот генерален секретар на партијата, Мартин Протуѓер за кои Инфомакс поседува сериозни информации дека уште од 2017-та година е во близок контакт со Зоран Заев и власта на СДСМ со цел да си обезбеди слобода од политичкиот прогон.

Ден пред признанието на 9-мина обвинети во случајот „Титаник“, Инфомакс предупреди дека токму Протуѓер со абер од Стефанова изнудувал признание од обвинетите во случајот.

За возврат Протуѓер во случајот доби условна казна, а останатите лица кои лично тој ги убедувал да признаат за да бидат слободни граѓани завршија со затворски казни во времетраење од неколку години.

Модус операндито на Стефанова се преслика и во овој случај каде што беше повикан да сведочи Протуѓер кој наводно во лична комуникација со Гриевски дознал дека сака да купува имот на Водно, за што се разбира ниту Стефанова ниту екс ген-секот на ВМРО-ДПМНЕ немаа никакви докази.

Денеска ситуација во судницата ескалираше откако Новачевски веројатно си обезбеди осудителна пресуда за себе, но и сите останати во случајот откако даде лажно признание во судот.

-Никола Груевски го познавам уште од средношколски денови, учевме заедно и станавме блиски пријатели. Тоа пријателство продолжи па му станав венчален кум од првиот брак. По назначување на премиер, нашите средби се намалија, поради неговоте обврски, истакна Новачевски.

Новачевски на прашање на неговиот адвокат истакна дека во 2011 година добил повик од Груевски.

-Кон средината на 2011 година ме повика во неговиот кабинет и ми рече дека сака да отвори градежна компанија во Македонија. А јас сум човек од доверба, па ме праша да бидам управител. Јас се согласив. Се работи за компанијата “Сирах и инженеринг”, која беше фермирана како фирма ќерка на “Сирах лимитед”, офшор компанија, истакна Новачевски.

За спас на кариерата на Стефанова, Новачевски сведочеше дека Груевски сакал да купи плац на Водно.

-Груевски ме информира дека треба да се купи земјиштето на Водно и дека целата работа ќе ја збрка Алек Теранова, со луѓето кои го продаваат, а јас само да го потпишам договорот. Ниту сум преговарал за цена, ниту сум ги знаеле луѓето. До ден денеска не знам каде се наоѓа земјиштето. Сите работи ги имаше истуркано Алек, истакна Новачевски.

Сепак ниту Стефанова, ниту Новачевски не успеаа пред судот, но и пред јавноста да одговорат како Груевски мислел дека може да живее во куќа на Водно ама никој никогаш да не дознае ако воопшто нешто е точно од тврдењата на кумот на екс-премиерот.

Ова признание кое потсетува на времињата на тоталитаризмот на комунистичкиот режим во Македонија се случува во очи на една од нај-недипломатските изјави на американски амбасадор во Македонија.

Да токму денес амбасадорката на САД, Мери Кејт Брнз посочи дека довербата во македонското правосудство е на катастрофално ниво.

Само 8 отсто од граѓаните веруваат во македонското судство. Податокот од истражување на Евротинк, денеска со судиите го сподели американската амбасадорка, Брнз.

Судството мора да ја демонстрира својата независност. Судскиот совет неодамна усвои нова методологија за оценување на работата, но сепак, тој не е целосно имплементиран, што доведува до сомневања во јавноста за употребата на транспарентни практики засновани на заслуги.

Ова денеска го истакна амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз на шестата Меѓународна судска конференција „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“ која се одржува денеска и утре во Скопје.

Со вакво темпо и ваков начин на работа довербата во македонскиот правосуден систем веројатно и натаму ќе паѓа под нивото на 8 проценти.

И покрај признанието кое треба да и помогне на Стефанова да си ја спаси својата политичка кариера, обвинителката има тешка задача пред неа, а таа е да докаже дека било што од она што го соопшти денеска Новачевски пред судот навистина се случило, бидејќи во недостаток на докази нејзината ситуација и покрај се е незавидна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите членки на ЕУ координирано ги повикуваат…

Земјите членки на Европската Унија денеска координирано…

Зајкова: Пенов имаше успешни проекти за Скопје,…

Ристо Пенов никогаш не се оддалечил од…

(Видео) Мобилизираните руски регрути учат да пукаат…

Мобилизираните граѓани поминуваат обука за модерна борбена…

Рамнодушноста ја убива демократијата: Зошто наместо функционална,…

Зошто наместо функционална, имаме формална демократија?(6.) Политичка…

Скандал – “Кој сака нека им врти”:…

Броевите на мобилните телефони на британската премиерка…