Објавено на:

,,На Украина не може да и се помогне, тоа што таа го бара во ЕУ го нема”

t

Австрискиот воен експерт Маркус Рајснер смета дека Европа не може да ги исполни барањата на Киев за вооружување со тешко оружје.

Рајснер, за дневниот весник на јавниот сервис ОРФ, го наведе примерот со претседателот на Украина Володимир Зеленски кој од западните сојузници побарал 300 ракетни системи.

Толкав висок број ракетни системи во моментов не постои во цела Европа. Франција, Велика Британија и Германија тешко дека имаат двоцифрен број на ракетни системи. Тоа значи дека тие земји ќе мора да се разоружаат, за да и помогнат на Украина, објасни тој.

Австрискиот офицер посочува дека производството е де факто невозможно за кратко време.

За да се произведе ваков вид оружје, целата индустрија ќе мора да се префрли на воено производство, како што беше случај во минатото за време на војните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба: Некои западни земји чекаат Украина да…

Некои западни земји чекаат Украина да се…

Шојгу: Пропадна митот за западното “супер оружје”…

Западниот мит за „супероружје“ е уништен, изјави…

Полјански за воената операција на Русија: Можеме…

Полјански за специјалната операција: Може да биде…

Украина го зголемува воениот буџет

Украинскиот парламент одобри зголемување на трошоците за…

Земја, која со оружје помага друга земја,…

Професорот Љубомир Цуцуловски на Фејбук објави кратка…