На чекор до датум?! – Вархеји сака договор во јуни, Петков со три барања кон Скопје

Сакам да појаснам дека Бугарија има три јасни барања по прашањето на Pепублика Mакедонија. Почитување на рамковната позиција што ја усвои бугарскиот Парламент, вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија за да се заштитат нивните права, и трето, да се спроведе Договорот за добрососедство, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
– Едноставно и јасно. Тоа беа нашите разговори со еврокомесарот, и претходно и сега, за што му благодарам, рече Петков.
Вархеји, пак, како што пренесува БГНЕС, оцени дека се уште нема решение за спорот и оти тоа е многу фрустрирачко за ЕУ, бидејќи не може да продолжи пристапниот процес.
– Сè уште ја чекам поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, а редовно и во Скопје, конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за Република Македонија. Би сакале да видиме договорот да биде постигнат во јуни, затоа утрово се среќавам со премиерот и со министерот за надворешни работи, а ќе се сретнам и со претседателот, додаде Вархеји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Плоштадот на Федерацијата во Мелбурн осветлен во…
Плоштадот на Федерацијата во Мелбурн осветлен во…
ОЈО ГОКК бара притвор за службеник во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство загонење…
Пукање попладнево во Моране: Едно лице е…
Едно лице е повредено во пукање во…
Коцевски за трагедијата во Кочани: Коренот е…
Државниот јавен обвнител Љупчо Коцевски во интервју…
Српски Курир: Се подготвува воен сојуз меѓу…
Српски Курир ексклузивно дознава дека наскоро се…