Објавено на:

На Шапка најстудено, во Гевгелија најтопло

t

На Попова Шапка утрово се измерени минус седум степени целзиусови, а во Гевгелија седум.

Според информациите од УХМР, утрово -5 степени се измерени во Маврови Анови, -4 Битола, Охрид, Претор и Крушево, -2 Прилеп, Тетово, 0 Крива Паланка, 1 Скопје-Петровец и Берово, 2 степени во Куманово и Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, 4 Штип, Велес и Кавадарци, 5 Струмица и Дојран и 6 степени во Демир Капија. 

Во текот на ноќта преовладуваше ведро и студено време со мала облачност, а во источните делови локално имаше зголемена облачност. На североистокот провејуваше слаб снег. Преку целата ноќ се задржа ветровито, особено долж Повардарието, каде дуваше засилен северен ветер.

– Утрово во поголем дел од земјава е ведро и студено, а во источните делови има умерена до значителна облачност. Дува слаб до умерен, а долж Повардарието на места засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водостојот на повеќето реките се зголемува, нивото…

Водостојот на повеќето реки низ државата е…

Издаден портокалов аларм во Македонија, се очекува…

Според најновите информации на УХМР, претпладне променливо…

На Шапка најстудено, во Гевгелија најтопло

На Попова Шапка утрово се измерени минус…

УХМР: Во следните 24 часа се очекуваат…

Синоптичарите најавуваат дека во следните 24 часа…

Од понеделник стабилизирање на времето

Викендов не очекува облачно и посвежо време…