На 20 дена пред почетокот на новата школска година, доцни набавката на учебниците

t

Иако до почетокот на новта учебна година останува уште неполн еден месец, сепак доцни набавката на учебниците според новата наставна програма за учениците од прво до петто одделение. Од МОН велат дека во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми.

Согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, тие се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а во учебната 2022/2023 по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

Од МОН велат дека во различна завршна фаза се постапките за одобрување на учебниците за кои се изготвени нови наставни програми, така што, доколку постапките се пролонгираат и по стартот на учебната година, учениците ќе го совладуваат знаењето од подготвени соодветни материјали додека ги добијат новите учебници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…

Поранешниот директор на Oнкологија, Васев и организацискиот…

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Силно невреме со град го погоди Охрид

Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…

Чупиќ нов тренер на Вардар

Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…