На 5 јуни поглаварот Стефан ќе сослужува со вселенскиот патријарх?!

На празникот Св. Тројца на 5 јуни годинава, поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) г.г Стефан ќе ја одржи првата заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград.
Ова го најави бугарскиот весник „Дневник“ на својата веб-страница со текст посветен на црковните состојби по канонското признавање на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, која ја повика црквата од Скопје да го бара решението за автокефалност низ дијалог со Српската православна црква (СПЦ).
– Ниту ја потврдувам, ниту ја демантирам ваквата информација – изјави за Пресинг ТВ портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, владиката Тимотеј.
Во текстот не се споменува децидно местото на заедничкото богослужење, но најверојатно тоа ќе биде во Царигардската патријаршија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БАЛКАНОТ СЛАВИ: Ѓоковиќ стана шампион на Австралија…
Новак Ѓоковиќ го совлада Гркот Стефанос Циципас…
Влада не можат да направат, ама циркус……
Новата бугарска декларација за Македонија која треба…
Претседателот на воениот комитет на НАТО: Алијансата…
Војна во Украина, 340 ден. Се водат…
МВР во акција: Серија апсења во Скопје
На 28.01.2023 во 18.40 часот на подрачјето…
Првиот блок од РЕК Битола повторно ставен…
Блок 1 на РЕК Битола од вчера…