НБРМ потврди: Годинава ќе има намален економски раст и зголемена инфлација

t

Од Европската инвестициона банка стигнаа позитивни најави во однос на финансиска поддршка за да се надмине и оваа криза. Во фокус е и помошта за зелената транзиција

Сите прогнози на меѓународните монетарци одат во насока на тоа дека во идниот пeриод ќе се намали економската активност, ќе продолжат понатамошните притисоци врз инфлацијата, но добра вест е што нема предвидувања за рецесија, што значи дека сепак ќе има раст на бруто-домашниот производ.


Ова е заклучокот од заедничката прес конференција што вчера ја одржаа гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и потпретседателката на Европската инвестициона банка Лилјана Павлова по повод 8-та истражувачка конференција што НБРМ ја организира со ЕИБ.

– Иако се чинеше дека економијата се опоравува, по војната во Украина, се случи нов шок. По една декада ниска инфлација, сега имаме високи стапки. Половина од земјите во развој забележаа инфлација над 7 проценти – посочи гувернерката Ангеловска Бежоска.

Таа објасни дека според последните проекции на ММФ, годинава економскиот раст во земјите од Централна и Источна Европа во просек ќе биде 3 проценти, а кај нас 3,2 проценти. Тоа е забавен раст во однос на претходните прогнози, но сепак е раст – рече гуверенерката.

Таа потенцираше дека на среден рок предизвик ќе биде отстранување на структурните грешки.

– Структурните рефирми не смеат да чекаат. Треба поголемо значење да се даде на човечкиот капитал, на иновативност и на конкурентност – рече Ангеловска Бежоска.

Од Европската инвестициона банка пак, стигнаа позитивни најави во однос на финансиска поддршка за да се надмине и оваа криза. Потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова потсети дека за врема на пандемијата Македонија добила директна финансиска помош од ЕИБ од 160 милиони евра, а префрлени се и 100 милиони евра преку Развојната банка за поддршка на мали и средни претпријатија.

– Европската инвестициона банка е финансиска рака на ЕУ. Со новонастанатата ситуација се предвидени 4 милијарди евра и за замјите членки на ЕУ и на Западен Балкан. Колку пари ќе се одвојат за Македонија дополнително ќе се утврди. За тоа и за проектите ќе се разговара со Министерството за финансии – рече Павлова.

Но, таа нагласи дека посебно ќе се подржуваат проекти во рамките на зелената транзиција, а интерес има и за поддршка на железничкото поврзување на Македонија со Албанија, како и проекти за пречистителни станици.

– Потребни се стратегии, но кои не ја зголемуваат задолженоста на земјата. Затоа, насочени сме и кон стимулирање на приватниот сектор, за иновации кои ќе произлезат оттаму – рече Павлова.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…

Според средната курсна листа на НБРМ, еврото…

Еврокомесарот за економија: Инфлацијата ќе се намали…

Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони денеска…

НБРМ објави: Бруто надворешниот долг е зголемен…

Бруто надворешниот долг на Македонија во првиот…

Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…

Според средната курсна листа на НБРМ, еврото…

Курсна листа на НБРМ: Ова е денешната…

Според средната курсна листа на НБРСМ, еврото…