Неверојатно: Девојче прeживеа ноќ во силна снежна бурa во Русија гушкајќи куче

t

Десетгодишно девојче преживеа ноќ во силна снежна бура во Русија гушкајќи куче, јави CNN, повикувајќи се на руската државна телевизија и локалните медиуми.

Девојчето, чие име не се соопштува, минатата недела излегло од училиштето во градот Углегорск, но не се вратило дома.


Градот се наоѓа на западниот руски остров Сахалин, кој беше покриен со силен снег и ветрови кои достигнуваа брзина и до 80 километри на час.

Властите и локалното население го бараа девојчето во текот на ноќта откако беше утврдено дека е исчезнато.

Тие се фокусирале на куќите со домашни миленици бидејќи мештаните пријавиле дека го виделе девојчето како си игра со куче ноќта пред да исчезне.

Родителите на девојчето ѝ кажале на полицијата колку таа сака да си игра со домашни миленици.

Доброволец го нашол девојчето следното утро, како седи со куче во неговата куќичка на отворено и го гушка за да се стопли, јави руската државна телевизија.

Девојчето било пренесено во болница и било констатирано дека е здраво, се вели во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Санду: Немам информации дека Русија планира да…

Молдавската претседателка Маја Санду рече дека нема…

Конашенков: Руската армија го блокираше Лисичанск од…

Руската армија ја проби украинската одбрана и…

Британски бискуп: Санкциите се глупава алатка, може…

Британскиот бискуп Ник Бејнс ги нарече санкциите…

Путин: Ако нема леб, јадете колачиња

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светот…

Американските дронови нема долго да издржат во…

Додека Вашингтон праќа беспилотни летала „Греј орел“…