Невработеноста во Еврозоната на најниско ниво од 1999 година!

Стапката на невработеност во еврозоната дополнително се намали во април, намалувајќи се за 0,1 отсто, доведувајќи ја невработеноста на најниско ниво од формирањето на монетарната унија во 1999 година.
Сезонски приспособената стапка на невработеност во еврозоната падна на 6,4 отсто, со нешто помалку од 11 милиони невработени, покажуваат податоците на Евростат, статистичката агенција на ЕУ, објавени во четвртокот. Стапката на невработеност во март изнесувала 6,5 отсто, пишува Фајненшл тајмс.
Во цела ЕУ стапката на невработеност изнесуваше шест отсто, што одговара на бројката од 13,1 милиони невработени, а овој податок остана непроменет во однос на претходниот месец. Падот на невработеноста може да укаже на подобрување на изгледите во Европа, заедно со подобрување на економското расположение во еврозоната.
Бројот на луѓе без работа е намален за 100.000 во однос на претходниот месец на 10,998 милиони. Стапката на невработеност кај помладите од 25 години, исто така, во април падна на 14,1 отсто, што е намалување во однос на 14,3 отсто во претходниот месец, пренесува Еуроњуз.
Шпанија и натаму е на врвот на листата на стапка на невработеност, со 11,7 отсто, додека Франција е на второ место со 7,3 отсто од населението без работа. Италија имала стапка на невработеност од 6,9 отсто, а Германија имала најниска стапка на невработеност од 3,2 отсто.
Процентот на жени без работа во ЕУ во април изнесува 6,3, што е благо намалување од 6,4 отсто во март. Истовремено, процентот на невработени мажи во април остана ист како и во март и изнесува 5,7 отсто. Во еврозоната процентот на жени без работа е 6,7 отсто, што е намалување од 6,9 отсто во март, додека процентот на мажи е 6,1 отсто, исто како и во март.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Европа не може да ја спаси…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…
Германија и покрај многуте проблеми сѐ уште…
Германија, и покрај многуте проблеми, сè уште…
Австрија објави листа на барани лица, Звицер…
Австриската полиција соопшти дека од февруари обвинителството…
Медведев: Европа ја водат глупави лидери
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
НАТО распоредува 49 нови бригади во Европа
НАТО планира да ги зголеми своите сили…