Неделков: Штрајкувачите немаат обврска да ги примат децата во градинка и да држат настава – Владата да го одврзе ќесето

t

Штрајкувачите немаат обврска да ги примаат децата и да држат настава, тие ќе бидат сместени во посебни простроии и нема да ги изршуваат работните обврски, соопшти претседателот на СОНК, Јаким Неделков кој на денешната прес-конференција потврди дека утре започнува генерален штрајк во сите градинки, основни и средни училишта.

-Апелирам до Владата што побрзо да не повика на преговори, што побрзо да сфати дека со ваков однос кон синдикатот на овие вработени во државата кои што имаат општествено значење и што се многу важни за нормалниот секојдневен живот и функционирање на држава да не повикаат да најдеме взаемно прифатливо решение. Да го одврзат кесето, да ги исполнат барањата на синдикатот и работниците и што побрзо да отпочне редовната настава, вели Неделков.


И по неговата прес-конференција остана нејасно дали родителите утре да ги однесат децата во градинка или училиште, со оглед на тоа што и Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика утрово испратија соопштенија дека децата ќе бидат згрижени во градинките и дека училиштата утре мораат да организираат настава. И двете министерства, но и СОНК целата одговорност за организацијата на работата во градинките и училиштата ја префрлаат на директорите.

– Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, рекоа од МОН.

-По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, кое е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, посочуваат дека при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

И Неделков рече дека минимум услови за функционирање на установите ќе зависат од организацијата на директорите во училиштата и градинките. Тој не ја исклучи можноста децата да бидат згрижени или да им се држи настава од страна на дел од наставници или други вработени кои не се нивни членови или кои се вработени со договор на дело и им е страв дека нивните договори нема да бидат продолжени доколку штрајкуваат.

Синдикатот најави кривични пријави за директорите кои ќе ги спречуваат или ќе вршат притисоци врз вработените да не штрајкуваат.

СОНК за утре најави генерален штрајк, бидејќи на минатонеделните средби со Владата не се договорија за исполнување на нивното барање за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти.

Ова барање е со цел усогласување со порастот на минималната плата во државата од 15.199 на 18.000 денари што веќе стапи на сила.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добра вест: Наставниците ќе земат цела плата…

Прифатени се сите препораки на посредникот кој…

Ковачевски го поздрави договорот меѓу СОНК и…

Премиерот Димитар Ковачевски го поздрави договорот за…

НАЈНОВА ВЕСТ: Се договорија СОНК и МОН…

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва…

Следува нов штрајк? Се уште нема договор…

Министерството за труд и социјална политика и…

СОНК и МОН оптимисти дека утре ќе…

И СОНК и министерот за образование оптимисти…