Објавено на:

Недостиг на храна во ЕУ: Германија ја ограничува продажбата на масло на едно шише по потрошувач

t

Германските трговци се принудени да ја ограничат продажбата на масло за јадење на едно шише по потрошувач. Во многу земји од Европската унија постои вистинска борба за основните прехранбени производи.

Светските медиуми јавуваат дека Европа, две години по недостатокот предизвикан од пандемијата на корона вирусот, повторно е погодена од панични набавки предизвикани од војната во Украина.

Војната во Источна Европа ги зголеми цените на храната на глобално ниво бидејќи Русија и Украина произведуваат огромен дел од светските земјоделски залихи.

„Фајненшл тајмс“ се повикува на податоци од Здружението на индустријата за преработка на маслодајни семиња во Германија, според кои речиси 90 отсто од лененото семе преработено во ЕУ се увезува. Здружението проценува дека војната во Украина најверојатно ќе предизвика недостиг на масло за јадење и сточна храна, што ќе биде многу тешко да се замени на краток рок.

Новиот бран на акумулација на храна забрзано ги празни полиците на продавниците во Германија, а на удар се брашното и сончогледовото масло. Во некои продавници нема тестенини.

Германските трговци беа принудени да ја намалат продажбата на масло за јадење во обид да спречат уште еден круг складирање залихи. Инаку, добро снабдените маркети имаат „голи полици“, каде најчесто се чува брашно и масла за јадење.

Германските потрошувачи се жалат дека им било дозволено да купат само едно шише сончогледово масло.

Ве молиме покажете солидарност, мислете на соседите и воздржете се од непотребни набавки, напишаа трговците пред супермаркетот „Пени“ во Франкфурт.

За разлика од почетокот на пандемијата, кога Германците побрзаа да купат тоалетна хартија, поради војната во Украина, сега тие ги пустошат полиците со сончогледово масло и пченично брашно.

Русија и Украина се најголемите житници во Европа, а со тоа и најголемите извозници, па Германците веднаш почнаа да прават домашни залихи на брашно.

Германците се особено погодени од поскапувањето на горивата. Цената на бензините се стабилизира и моментално изнесува нешто повеќе од две евра за литар.

Германската влада во моментов се спротивставува на притисокот да се согласи на европско ембарго за увоз на нафта и гас од Русија, бидејќи е премногу зависна од руската нафта.

Прашањето за ембаргото за нафта не е прашање дали го сакаме или не, туку прашањето колку зависиме од нафтата, изјави синоќа пред новинарите германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Цените на лебот, тестенините и месото веќе растат во Италија, која увезува голем дел од пченицата од Источна Европа и 80 отсто од сончогледовото масло од Украина, како и големи количини пченка што се користи за добиточна храна.

Во Милано лепчињата моментално чинат и до осум евра за килограм, а во ноември за тоа требаше да се издвојат во просек по 4,25 евра.

Италијанците се жалат дека лебот, кој отсекогаш бил храна за сиромашните, станал „луксузна стока“. Тоа е причината што граѓаните одлучуваат да направат залихи на брашно за да можат сами да го испечат и да заштедат пари.

И покрај тоа што сум вегетаријанец, нема да проповедам дека секој треба да биде. Но, да го кажеме ова, јадењето помалку месо би било придонес во борбата против Путин“, изјави германскиот министер за земјоделство Џам Оздемир.

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Џосеп Борел, неодамна ги повика Европејците помалку да го користат системот за греење, за да ја пресечат како што рече „папочната врвца со Русија“.

Австрија се обидува да го надмине ефектот на бумеранг од западните санкции против Русија, меѓу другото, правејќи леб од конзерва. Рокот на траење на овој леб, кој е мешавина од повеќе видови житарки, е најмалку десет години.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ загрижена за зголемениот обем на трговија…

Земјите од Европската Унија се сè позагрижени…

И Германија не е тоа што беше:…

Германија најави воведување данок од 2,4 центи…

Ахмети: За пет години ќе бидеме членка…

Али Ахмети во денешната честита по повод…

Нови мерки за штедење во Германија: Јавните…

Германија го ограничува греењето на јавните згради…

Украина заработила скоро 20 милиони долари од…

Володимир Кудрики, шеф на украинската Укренерго, изјави…