Независниот член на ИО на СДСМ ја злоупотребува Асоцијацијата на архитекти: Мишко Ралев во одбрана на министерката за култура – поддржува проект опасен за граѓаните

t

“Независниот” партиски војник Проф. Д-р. Мишко Ралев, кој е претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија се претставува како најголем независен експерт и го напаѓа Градот Скопје за стопирање на изградбата на Универзална сала.

Пред неколку денови Ралев упати реакција преку Асоцијацијата на архитекти на Македонија, во која го напаѓа градот Скопје дека ги партизира и омаловажува архитектите кои со своето експертско знаење ги утнале пресметките за проектот за реконструкција на Универзалната сала.


Ова е вистинското лице на Мишко Ралев.

Ралев е еден од независните експерти кои истовремено држат неколку функции, Декан на факултет за архитектура и дизајн при Американ Колеџ, Претседател на асоцијација на архитекти на Македонија и секако нај(не)зависната функција – член на извршен одбор на СДСМ.

Но, да се вратиме на нападите кон Град Скопје.

Независниот претседател на Асоцијацијата на архитекти, од името на Асоцијацијата пред неколку денови упати апел, отворено писмо, во кое остро го осудува навредувањето на архитектите кои работеле на проектот за реконструкција на Универзална сала. Ралев апелира експертите да не се користат во тесно партиски интереси, посочува дека проектите се 100% безбедни и состојбата во која е доведен објектот е вина на забот на времето што со децении ја нагризувала конструкцијата.

Реалноста е следна: Ралев поддржува сериозна суштинска грешка во изработката на проектот за реконструкција на Универзална сала и тоа се однесува на пресметките за количината на железо кое ја држи конструкцијата. Веројатно во брзање да го завршат проектот пред локалните избори, архитектите ја утнале пресметката на железото што треба да се употреби.

При истражување на проектот од тимот на Град Скопје се детектирани суштински грешки поради што потребни се дополнителни два столба во конструкцијата.

Дали Мишко Ралев ќе го поддржи опасниот по животот на скопјани проект кој содржи голем број на сериозни суштински недостатоци? Еве дел од нив:

  • Неусогласеност на постојниот објект со проектот за реконструкција
  • Воопшто непостоење на арматури во темелните ѕидови
  • Испукани армирано-бетонски плочи на сцената
  • Неочекувани постојни темели на места каде не биле предвидени, а особено каде што се предвидени новите конструктивни елементи
  • Новопроектираните конструктивни елементи е планирано да се постават врз трафостаница
  • Постои проблем со дислокација на трафостаницата која е во самиот објект и сите останати забелешки од релевантните институции во државата.

Постапката беше запрена од новото раководство на Град Скопје со цел да не се предизвика хаварија и рушење на целиот објект, а со тоа да се избегнат како финансиски импликации, така и можни човечки жртви ( замислете објектот да почне да се руши за време на некој настан).

Ралев исто така застанува во одбрана на Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и вели дека министри не можат да гарантираат за безбедноста на објект. А за што се тогаш министрите?

Истата оваа министерка вчера одби средба со градоначалничката Арсовска со изговор дека не добила официјална покана и не сака да учествува во партиски препукувања. Зошто министерката која е најнадлежна за заштита и унапредување на културата во Македонија бега од јавноста?

Градоначалничката Арсовска остро реагираше на одбивањето за соочување со фактите:

“Бегањето на министерката од соочување со фактите и со повикот да потпише изјава за лична одговорност за безбедноста на скопјани и за исправноста на постоечкиот проект за реконструкција на Универзална сала, ги фрла во вода сите досегашни партиски исценирани напади и политички паради од страна на централната власт и СДСМ, кои со ширење дезинформации и манипулирање со јавноста преку соопштенија и прес конференции за политички поени сакаат да ја покријат својата неспособност.

Проектот за реконструкција на Универзална сала е со сериозни импликации по текот на активностите што се одвивале, но пред се, овој проект одобрен од СДСМ и Шилегов е далеку од безбеден. Ова го покажуваат сите записници и техничката документација, изготвени уште во време на владеењето на СДСМ со Град Скопје.” – стои во реакцијата на Арсовска.

Сега се поставуваат неколку прашања до независниот Мишко Ралевски:

Дали независниот експерт ќе се потпише и како човек од фелата и застапник на промашениот и животозагрозувачки за скопјани проект, нема да бега од одговорност и се уште ќе стои на ставот кој го наведува во отвореното писмо?

Зошто доколку е сигурен во точноста на проектот и загрижен за интегритетот на експертската фела, наместо министерката тој лично не ги соочи аргументите со градоначалничката Арсовска и “да го одбрани образот на партизираната фела”.

Кога сме околу партизацијата на експертите прашуваме како човек кој е член на највисоко партиско тело на СДСМ реагира за искористување на експертите во партиски цели доколку и самиот е партизиран?

Најпрво неговата функција како Декан на факултет е неспоива со функцијата член на извршен одбор на СДСМ. Законот за високо образование јасно определува дека двете функции се неспоиви, односно независниот експерт не смее да има партиска функција додека се уште е Декан.

Исто така независниот Декан реагира на активностите на Град Скопје не од свое лично име, туку од име на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Оттука логично е да се размисли дали Претседателот ги консултирал членовите на Асоцијацијата за неговата одбрана на Министерката за култура. Дали добил согласност да заштитува високи функционери на власта од име на Асоцијацијата?

Доколку да, се урива целиот интегритет на Асоцијацијата која со или без согласност е турната во служба на СДСМ. Ако пак согласност од останатите архитекти не е добиена, значи дека независниот претседател ја злоупотребил неговата службена положба и овластување и ја претворил Асоцијацијата во партиска војска на неговата партија?!

Две лица на сосем ист човек, едниот независен Декан и претседател на Асоцијација, а другиот партиски војник во највисоко раководство на партијата. Префрлањето од еден во друг модул очигледно е лесно или добро извежбано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од булевар АСНОМ утре ќе остане…

На ден 19.05.2022, поради уличен дефект ф-100…

Приведен 40 годишен скопјанец, бил баран со…

Денеска (17.05.2022) во 11.00 часот на ул.„Мајка…

Делови од Кисела Вода утре без струја

Без електрична енергија утре ќе бидат корисниците…

Кампања „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите”…

В.д. директорот на ЈП Градски паркинг –…

Без струја делови од Скопје

Регионалниот центар за управување со кризи на…