Нека ни кажат што имало во автобусот за да изгори за 30 минути: Семејствата на починатите во автобусот на Беса Транс не и веруваат на истрагата

t

Некој нека каже што имало во автобусот, а не дека возачот ја надминал брзината! Не може автобусот тукутака да изгори целосно за 30 минути! Одново ќе има вештачење. Ќе одиме во Стразбур! Немам доверба ни во нашата ни во бугарската држава веќе – вели Ќамуран Пајазити, чиј син загина во несреќата, пренесува Слободен Печат.

Причината за автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во која загинаа 45 македонски државјани, е тоа што возачот изгубил контрола врз автобусот, како и големата брзина на возење, несоодветна за условите на патот – изјави заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов, претставувајќи го финалниот извештај на бугарското јавно обвинителство за несреќата на автобусот на македонската агенција „Беса турс“.

Членовите на семејствата и на преживеаните во трагичната несреќа не веруваат на извештајот и велат дека ќе бараат дополнителна истрага.

– Ќе бараме вистинска истрага. Ова ќе оди до Стразбур! Нека се истакне вистината, некој нека ја преземе одговорноста. Како може шоферот да ја надминал дозволената брзина? Кој автобус оди 120 на час? Јас цел живот сум шофер и тој пат сум го возел неколкупати. Вистината ќе излезе на виделина. Некој нека каже што имало во автобусот, а не дека возачот ја надминал брзината. Не може автобусот тукутака да изгори целосно за 30 минути! Одново ќе има вештачење. Ќе се оди во Стразбур. Немам доверба ни во нашата ни во бугарската држава веќе. Имаме живи луѓе што ја виделе вистината, не им веруваме, а веруваме дека е виновен шоферот, кој е мртов – изјави Ќамуран Пајазитовски, роднина на патник во автобусот на „Беса транс“ за „Слободен печат“.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Го поддржувам продолжувањето на примирјето

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера му рече…

Во Украина преку 400 населени места останаа…

Украина стравува од нова голема кампања на…

Четворица загинати во несреќа во полски рудник

Четири лица загинаа во рудникот Собиески во…

Свештеник пријавил непознати лица во полиција дека…

Две маскирани лица го симнале знамето на…

Малолетници со нож ограбиле врсници во Чаир!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца…