Објавено на:

Нели бевме уникатен стратешки партнер? И Ангола склучила договор за кредит со Обединетото Кралство и тоа пред нас!

t

Обединетото Кралство со Ангола има склучено сличен договор како што склучи и со Македонија. Британските медиуми и самата UK Export Finance на социјалните мрежи во март годинава објавија дека склучениот договор за заем од 12,5 милиони фунти имал одлични економски погодности за британска компанија.

– Партнерството со UK Export Finance (UKEF) ѝ овозможи на британската фирма Dints да обезбеди договор од 12,5 милиони фунти како снабдувач на инфраструктурните и обновливите извори на енергија на MCA во Ангола. Основана пред 18 години, Dints е интегратор на проекти со седиште во Лондон, кој ги здружува купувачите, добавувачите, логистичките добавувачи и партнерите за финансирање. Гаранцијата за кредит издадена од UKEF на Apple Bank значи дека португалскиот изведувач што работи во Ангола, MCA, сега може да пристапи до финансии за купување опрема во вредност од над 12,5 милиони фунти преку Dints. Ова ќе создаде можности за британските производители да снабдуваат стоки и услуги за проектот. Dints ќе обезбеди возила, постројки и машини за поддршка на инфраструктурните и обновливите извори на енергија во Ангола. Овозможувањето на компании како Dints помага во растот на економијата, остварувајќи го Планот за промени. Неодамнешните партнерства со Dints помогнаа да се генерираат над 21 милион фунти извоз од Велика Британија на пазари, вклучувајќи ги Перу, Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска и Боцвана. Овие проекти поддржуваат работни места низ целиот синџир на снабдување во Велика Британија, бидејќи добавувачите на „Динтс“ доаѓаат од региони, вклучувајќи ги Лестершир, Јоркшир и Хамбер, Стафордшир, округот Армаг, Кембриџшир и Хартфордшир, стои во соопштението на UK Export Finance.

Со ова паѓаат во вода изјавите на властите дека Македонија добила некаков посебен третман и со тоа е склучен договор токму со нас. Обединетото Кралство нуди вакви можности за низа на држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нели бевме уникатен стратешки партнер? И Ангола…

Обединетото Кралство со Ангола има склучено сличен…

Ангола го напушта ОПЕК

Ангола го напушта ОПЕК, јавува локалната агенција…

Божиновски до Гир: Ангола да не влезе…

Божидар Божиновски ја коментира изјавата на евроамбасадорот…