Немаме среќа: Грузија води со 2:0, крајот на натпреварот се’ поизвесен

t

Фудбалската репрезентација на Грузија одново одигра максимално сконцентрирано против Македонија. Исто како и во Скопје, момците на Вили Сањол ја пуштија нашата селекција да ја има контролата и топката во нозе, меѓутоа ги казнија сите грешки. Во првиот дел тоа беше невнимание на Бојан Миовски кој ненамерно си даде автогол, а сега тоа беше погрешно додавање на Дарко Велковски. 

Стоперот на Македонија, во обид да додаде кон средината, само проигра противнички играч, па со голема брзина Грузијците развија контра од половина терен. Живживадѕе ја имаше топката, влезе во шеснаесетникот и откако го навлече Димитриевски, му додаде на Квича Кваратшкелија кој погоди во празната мрежа за 2-0 во 64. минута од средбата. 

Извор: Гол.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА ја казни Украина пред натпреварот со…

Парична казна во износ од 33.000 евра,…

Браво! Злато за македонските информатичари на Европската…

На 7-мата по ред Европска јуниорска олимпијада…

Социјалните мрежи горат по вчерашното реми: Од…

Социјалните мрежи вријат откако Македонија вчера ѝ…

Добро утро со Инфомакс: Наше знаме е…

Добро утро Македонци, денеска ви го пренесуваме…

Фудбалската репрезентација на Македонија повикува на фер…

Фудбалската репрезентација на Македонија ги повикува македонските…