Нема датум во јуни?

t

Бугарскиот премиер Кирил Петков изрази поддршка за европската перспектива на Македонија, но повтори дека претходно треба да се решат одредени работи, како што е почитувањето на правата на Бугарите, „со гаранции во рамките на Уставот“.

Прво да се смени македонскиот Устав и да се внесат Бугарите, а потоа Бугарија ќе го крене ветото за преговарачката рамка во Брисел и Македонија ќе може да ги почне преговорите за членство, повторно порача бугарскиот премиер Кирил Петков во најновото интервју за грчкиот весник „Катимерини“. Според македонскиот премиер Димитар Ковачевски, пак, соработката со Бугарија е унапредена, воспоставен е нов начин на комуникација, но сè уште нема документ што е прифатлив за двете страни, пишува Слободен печат.

И покрај многубројните средби и разговори, напредок кон решение меѓу Софија и Скопје сè уште нема, што вчера од Брисел го нотираше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој порача дека позициите на двете земји се различни, македонската е во рамките на Резолуцијата на нашиот парламент, а Бугарија ги има своите ставови, но „има волја да се најде прифатливо решение“.

Утре и задутре во Скопје ќе продолжат разговорите на политичко ниво, кога Османи ќе ѝ биде домаќин на бугарската колешка Теодора Генчовска, а не е исклучена скорешна средба на највисоко ниво, меѓу двајцата премиери. Последните разговори на високо политичко ниво се случија пред еден месец на Минхенската безбедносна конференција, каде што Османи предложи да се изготви сеопфатен документ, протокол, со кој Скопје и Софија засекогаш ќе ги затворат сите отворени прашања, а во претходниот период разговорите се водеа околу бугарските барања од т.н. пакет „четири плус еден“.

Премиерот Ковачевски вели дека штом ќе има документ што е прифатлив за двете страни, ќе биде споделен со институциите и со јавноста. Според него, руската агресија врз Украина покажа дека Европа треба да биде обединета и силна, а тоа мора најпрво да се направи меѓу соседните земји.

Премиерот Петков и во најновото интервју ја изрази поддршката за европската перспектива на Македонија, но повтори и дека таа не е безусловна

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петти конгрес на ДОМ: Морачанин единствен кандидат…

Демократската обнова на Македонија денеска треба да…

Ќе се унапредуваат билатералните односи: Османи во…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска…

Зеленски: Неуништлив народ на неуништлива земја, слава…

Неуништлив народ на неуништлива земја! Денес го…

Конечно нешто нормално: Се подготвува нов Закон…

Законот за македонски јазик е веќе готов,…

Добро утро со Инфомакс: Не можете вие…

На денешен ден во 2018 година во…