НЕМА ДА ИМААТ СО ШТО ДА ПУКААТ: Путин вели дека Украина набрзо ќе остане без оружје

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во обраќањето пред учесниците на Економскиот форум во Санкт Петербург изјави дека Украина набрзо ќе остане без воена опрема и оружје.
Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски набрзо ќе биде целосно зависен од опремата што ја доставуваат западните земји.
– Украина не напредуваше во својата контраофанзива… Нејзината армија нема шанси против руската војска – посочи Путин.
Тој во својот говор истакна и дека „непријателските држави не им дозволуваат пристап на руските бизнисмени до нивните пазари“.
Путин се осврна и на заминувањето на странските компании од Русија по инвазијата врз Украина, потенцирајќи дека Москва не ни сака тие да се вратат.
Путин најави и раст на руската економија до два отсто, по закрепнувањето од минатогодишните западни санкции.
Тој призна дека Русија ќе мора да ги зголеми трошоците за одбрана.
– Нашите јавни финансии денес се генерално избалансирани, има мал тековен дефицит во федералниот буџет. Се разбира, потребни беа дополнителни средства за зајакнување на одбраната и безбедноста, за набавка на оружје, ние сме должни да го направиме ова за да го заштитиме суверенитетот на нашата земја – истакна Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојан Величковски е нов началник на СВР…
Бојан Величковски е именуван за нов началник…
Собрание: Пратениците работат, откажани се само пленарните…
По повод реакциите од јавноста дека пратениците…
Нето надворешниот долг на Македонија изнесува 4,6…
Народната банка го објави редовното статистичко соопштение…
КСЗД иницира постапка по службена должност против…
Според информациите објавени на официјалната веб-страница на Комисијата…
(Видео) Во Струмица се спроведуваат вежби за…
На територијата на општина Струмица, секојдневно се…