Нема договор: СОНК и МОН закажаа нова средба

t

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата се разговараше за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не беше отворена дискусија.

Исто така, се отвори и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.

На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и оедно се договори следна средба на 17 мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.

Страните разговараа и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.

Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН ќе добие тужба за ненавременото доставување…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Од 126 учебници потребни за сите задолжителни…

Владата и МОН одлучија: Учениците годинава ќе…

Во учебната 2023/2024 основците и средношколците ќе…

Во средните училишта годинава се запишаа 15.481…

Министерството за образование и наука соопшти дека…

Ќе се воведуваат ли униформи и посебен…

Владата денеска донесе сет препораки за работа…