Нема неоправдано зголемување на цените на млекото, вели директорката на Државниот пазарен инспекторат

t

Државнинот пазарен инспекторат не нашол неоправдано зголемување на цените на млекото во маркетите низ Македонија, вели во изјава за “Фактор” директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска-Димоска дали пазарните инспектори имаат ингеренции да ги контролираат овие евентуални трговски самоволија и злоупотреби со драстичните зголемувања на цените.

Симеска-Димоска вели дека Пазарниот инспекторат може само да контролира дали трговците ги почитуваат владините одлуки, односно дали се дрзнуваат да ги зголемуваат маржите кај оние производи за кои Владата донесе одлука да бидат замрзнати, но пазарните инспектори не можат да „се мешаат“ за другите производи, бидејќи, како што вели, станува збор за слободен пазар, каде што не смее да има ограничувања.

„Нашите инспектори работат во делот на ограничените маржи, и се испитува дали трговците ги почитуваат тие владини одлуки. Но, другите цени се на слободен пазар, што значи дека пазарот, односно понудата и побарувачката одредуваат колку ќе бидат високи цените. Практично, се додека има купувачи, додека има граѓани кои купуваат и по тие цени, трговците ќе ги зголемуваат цените, но мислам дека пазарот на крајот сето тоа ќе го избалансира. Што значи, ние можеме само да провериме дали цената е согласно онаа од добавувачите“, објаснува Симеска-Димоска.

Во моментов, според директорката на Државниот пазарен инспекторат, пазарни инспектори контролираат дали е оправдан растот на цените на млекото, односно дали сегашните енормни цени на млекото кои достигнуваат дури и до 80 денари, е врз основа на реалните трошоици за производство. Практично, биле контролирани сите досегашни зголемувања на цените на млекото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николовски очекува поголемо намалување на цените

Политиките на министерството за земјоделство се да…

Се зголемуваат цените на горивата во Македонија

Се зголемуваат цените на нафтените деривати, соопштија…

ПЛАТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НАЈНИСКИ, А ЦЕНИТЕ ИСТИ,…

Со секое одење во продавница со список…

Хрватска наплатила 234.000 евра од казни за…

Државниот инспекторат во Хрватска изрече 151 казна…

(Видео) Ние што ќе правиме, ќе правиме…

Цените се повисоки од лани, се е…