Нема неработен ден за Ѓорѓиевски: И оваа сабота е приемен ден за граѓаните на Кисела Вода

t

Уште еден приемен ден се одржува денес за жителите од општина Кисела Вода. Преку 30 граѓани кои имаа потреба да се сретнат со градоначалникот Ѓорѓиевски денес лично ги изложуваат своите проблеми и заеднички дискутираат околу динамиката на нивното надминување. Покрај тоа што на ваквите средби има можност за изворно информирање за проблемите и побрза реакција кога решавањето директно зависи од локалната самоуправа, од нив произлегуваат и бројни идеи за реализација на нови проекти.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека е отворен за сите вакви предлози од кои би можеле да произлезат идните приоритети на локалната самоуправа.

Приемните денови кои се одвиваат секојдневно, па и во денови на викенд, кога граѓаните имаат повеќе слободно време, ќе продолжат со несмалена динамика. Истите се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делови од Карпош утре без вода

ЈП „Водовод и канализација“ информира дека утре…

Делови од Центар и Карпош утре ќе…

Дел од корисниците лоцирани на потегот од…

(Фото) Брука, што пијат македонските полицајци? Паковка…

Полициските службеници добија паковка од "Нескафе" во…

Ново поскапување во најава?! Ако Владата не…

Во име на здружението АДКОМ кое ги…

Неколку скопски населби утре ќе останат без…

Без електрична енергија утре ќе останат дел…