Нема отпуштања или намалување на платите во јавниот сектор, тврди Тренчевска

t

Навистина ми е жал што Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) излезе со шпекулации и се создаде паника. Не е вистина тоа што го велат синдикатите. Нема да има отпуштања и нема да има намалување на платите на вработените во администрацијата, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Тема на денот на телевизија Сител.

Тренчевска вели дека во политиката за намалување на расходите нема ниту една таква мерка, туку тоа се препораки како да се заштеди во јавниот сектор со цел парите кои ќе бидат заштедени да одат во реалниот сектор.

Во ниту една мерка не пишува дека администрацијата ќе биде отпуштена од работа и дека ќе им е намалена платата. Една мерка е за рационализација и оптимизација на вработените во јавниот сектор преку функционална анализа, односно да се види дали има доволен број на вработени во институцијата или вишок, рече Тренчевска додавајќи дека тие кои се вишок нема да бидат отпуштени, туку целта е да се направи оптимизација и преку мобилност да се преземат тие вработени.

За препораката за работа од дома, како што појасни, тоа не значи дека цела јавна админситрација ќе работи од дома. Препораката, како што посочи, е за тие кои имаат можност да работат од дома, но најмногу 30 отсто од вработените. Тренчевска укажа дека нема да им биде намалена платата на оние кои ќе работат од дома.

Раководното лице во институцијата, вели таа, знае кој од неговата администрација може да работи од дома и да дава резултати, а кое работно место не може.

Прашана во однос на цените за дневен престој во градинките, Тренчевска рече дека цената ја формира советот на општината.

Ние даваме препорака советот да ја разгледа можноста за зголемување на цената на праведен начин со правилник, зависно од приходите на семејството, од бројот на децата во семејството, така и да ја формираат цената. За семејства со помали прходи да има една цена, за семејства кои имаат поголеми приходи поголема цена. За да бидат рентабилни и да можат да имаат приход треба да се разговара на Совет дали има можности да се зголеми цената, појасни Тренчевска.

Во однос на мерките за пензионерите, Тренчевска кажа дека финансиската поддршка ќе биде исплатена надвор од правото на пензија. По неколку дена од исплатата на пенизјата ќе се исплаќа финансиската поддршка, вели министерката

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ги подбра властите: Неспособни сте, корумпирани…

Пишува Никола Груевски на Фејсбук: Разорениот земјотресот…

ТРАГЕДИЈА ВО КАНАДА: Автобус удри во градинка,…

Градски автобус денеска удри во градинка во…

Зеленски: Велика Британија им помага на „украинските…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Лондон…

СЗО испраќа стручни тимови и авиони со…

Светската здравствена организација испраќа стручни тимови и…

Имал потекло од Тетово: Блажевиќ двапати за…

Легендарниот хрватски тренер, Мирослав Блажевиќ, кој почина…