Нема повеќе вонредна настава во средните медицински училишта

Министерството за образование и наука ги извести сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување почнувајќи од мартовската испитна сесија.
Како што информира МОН, претходно запишаните вонредни ученици продолжуваат со полагањето на предвидените испити, но во следниот период нема да може да се запишуваат нови.
Редовни ученици, пак, ќе можат да се запишуваат вообичаено во текот на јуни, а согласно квотите кои ќе бидат утврдувани во конкурсите за уписи во јавни средни училишта.
-Одлуката на МОН првенствено е од интерес на процесот на создавање квалитетен медицински кадар. За разлика од редовните ученици кои освен теоретската, имаат и ефективна практична настава по стандарди утврдени во наставните планови и програми, за вонредните ученици по медицина, можностите за пракса во реални услови се значително ограничени, стои во соопштението.
Оваа одлука, како што се наведува, е во согласност со напорите на државата за спречување на одливот на работна сила, која значително недостасува во здравствениот сектор.
Според статистиките во вонредно медицинско образование најчесто се запишуваат повозрасни граѓани, со намера да се преквалификуваат и да побараат работен ангажман надвор од земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема повеќе вонредна настава во средните медицински…
Министерството за образование и наука ги извести…
Уапсени над сто лица во Иран осомничени…
Во Иран се уапсени над сто лица,…
Конечно мирен ден: Училиштата без дојави за…
За првпат по 6 месеци речиси секојдневни…
Сите дојави за бомби во скопските училишта…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…
МОН ги остави студентите без оброк и…
Иако МОН им ветија на студентите дека…