Немој Стево, имаш деца ќе те колне народ, ќе загинам за Македонија: Порака до Пендаровски од демонстрантите

Пред Собранието се протестира против францускиот предлог.
Една од демонстрантките му се обрати на претседателот на државата Стево Пендаровски.
„Стево опули се, имаш деца и овој народ немој да те колне, децата патат. Немој Стево, деца имаме, ќе загинам за Македонија. Јас сум од Западна Македонија Стево, Мијачка, како тебе и ти си Мијак. Погледни ме имам 65 години, гајле немам, 10 години се борев со судот и го добив правото. Десет години ме мачеа и аир да не видат тие што ме мачеа. Опули се, стави дупли наочари Стево ако не гледаш, овој народ е гладен“, рече демонстрантката, објави Макфакс.
Пред Собранието се скандира „оставка“ и „никогаш северна, само Македонија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повторно тензии: Србите повикуваат на најголемиот досега…
Кризниот штаб на српскиот народ од северот…
Има за бифтеци, нема за студентите: Левица…
Во рекордниот Предлог-буџет на владата на СДС…
Трета “несреќа”, “ги стигнаа клетвите”: Пропадна новиот…
И третиот обид за избор на претседател…
Бајден импресиониран од протестите во Иран: Ние…
Ние сме на страната на граѓаните, на…
Браќата “не’ шутнаа”: Бугарските пратеници бараат и…
Додека македонските власти се фалат дека добрососедството…