НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ: Остануваат уште два продолжени празнични викенди за сите граѓани до крајот на годината

t

Во 2022 година, на сите македонски граѓани им остануваат уште два продолжени викенди.

Продолжен викенд ќе има за 1 мај, кој се паѓа во недела, поради што неработен ден е понеделник, 2 мај. На овој ден е и празникот Рамазан бајрам.


Уште еден продолжен празничен викенд има во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2022 година остануваат уште овие неработни се:

За сите граѓани на РМ

1 мај (недела), Ден на трудот, односно 2 мај (понеделник) е неработен ден,
25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
2 мај (понеделник), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам,
24 мај (вторник), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,
2 август (вторник), Ден на Републиката,
8 септември (четврток), Ден на независноста,
11 октомври (вторник), Ден на народното востание,
23 октомври (недела), Ден на македонската револуционерна борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,
8 декември (четврток), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од православна вероисповед

10 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (недела), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (вторник), Празникот на сите светци,
25 декември (недела), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

9 јули (сабота), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (вторник), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се сеќавате на Дамијано Томази, легендарниот фудбалер…

Се сеќавате на Дамијано Томази, легендарниот фудбалер…

Јапонската влада со апел до граѓаните: Трошете…

Јапонската влада ги повика луѓето да трошат…

Ѓоковиќ успешно ја мина првата пречка на…

Новак: Не беше лесно, сервисот ми помогна..…

Граѓаните имаат сериозни проблеми да си ги…

Државата не ги ни спомнува, а граѓаните…

180 позитивни од 2 880 тестови, нема…

Министерството за здравство информира дека во последните…