Нетанјаху се надева дека Трамп ќе ги намали царините за Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се согласи да ги олесни царините за Израел кога двајцата ќе се сретнат во Вашингтон оваа недела.
Нетанјаху рече дека неговите разговори со Трамп ќе го опфатат проблемот со израелските заложници кои се се уште во Газа, прашањето за постигнување победа во војната на окупираната палестинска територија и царинскиот режим за Израел, пренесува Ројтерс.
Јас сум првиот странски лидер што разговарал со претседателот Трамп за прашањето за новите царини, што е многу важно за израелската економија. Има долга листа на светски лидери кои сакаат да го направат тоа, но мислам дека јас што сум првиот го одразува нашиот посебен личен однос, како и специјалниот однос меѓу САД и Израел, кој е многу важен во овој момент, рече Нетанјаху.
Според новата сеопфатна тарифна политика воведена од администрацијата на Трамп, израелските стоки ќе бидат предмет на царини со стапка од 17 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…