Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел

t

На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе му биде извршена операција на простатата во подземна сала во медицинскиот центар Хадаса во Ајн Керем, во близина на Ерусалим, објави денеска израелската телевизија Канал 12.

Одлуката да се оперира Нетанјаху во засилена операциска сала е донесена поради загриженост за можен ракетен истрел за време на операцијата.

Ракети се истрелани и од Јемен и од Газа во правец на областа Ерусалим во изминатите 48 часа.

Нетанјаху денеска ќе биде опериран под целосна анестезија и ќе остане во болница неколку дена по операцијата за отстранување на простатата, изјави денеска неговиот адвокат.

Министерот за правда на Израел Јаир Левин ќе биде привремен премиер додека операцијата е во тек, објавија израелските медиуми.

Израелскиот министер за одбрана Јаир Кац ќе има овластување да го свика кабинетот задолжен за безбедност доколку е потребно.

Израелските медиуми ја пренесуваат информацијата од веб-страницата на клиниката Мајо дека пациентите по таква операција обично се отпуштаат од болница за ден или два.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Подобрена здравствената состојба на пациент кој се…

Десет лица повредени во ужасниот пожар во…

Покана за семејствата погодени од трагедијата во…

Муслиманите од Скопје ги поканија семејствата на…

Македонија во црно – Денес ќе бидат…

Македонија продолжува да бара правда за 59-те…

Јас не заслужувам држава?! Јас заслужувам ЛИЧНО…

Честопати слушам од луѓе моја генерација и…

Не потпаѓајте на провокации! Ифтарот во Кочани…

НЕ ПОТПАЃАЈТЕ НА ПРОВОКАЦИИ! Огнометот е подметнат,…