Нехамер и ветува на БиХ кандидатски статус уште годинава

Австрискиот канцелар Карл Нехамер, порача дека Босна и Херцеговина може уште годинава официјално да добие кандидатски статус за членство во Европската Унија.
По Европскиот совет, Нехамер изјави дека има промена на парадигмата.
Според него, Босна и Херцеговина повторно се нашла во фокус, иако Украина и тамошната војна се доминантни теми.
Нехамер потсети дека земјата мора да спроведе 14 реформски точки, бидејќи досега направила премалку.
Доколку земјата сега ја спроведе реформата на изборниот закон и Уставот, Нехамер е уверен дека тогаш има јасна шанса да добие кандидатски статус, а штом ги исполни сите 14 претходно поднесени барања, можно е да почне и пристапните преговори.
Нехамер пренесе дека од Самитот е испратена порака до Европската Комисија да се забрза процесот за кандидатите.
Тоа уште годинава ќе донесе резултати – смета австрискиот канцела
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Европа го раѓаат првото дете…
Жените во Европа, во просек, своето прво…
Мртов маж пронајден на пруга во Хиподром
Мртво машко лица вчера попладне било пронајдено…
Уште една тужба од денешните пратенички прашања:…
Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка…
Белорусија одлучила да го прифати руското нуклеарно…
Белорусија денеска одговори дека одлучила да го…
Вучиќ ѝ се заблагодари на Грција за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека…