Не бил под дејство на алkoxол: Објавени резултатите од kpв и ypина на 22 годишниот скопјанец кој вчера ycмрти девојка и повpeди уште едно лице

t

Дваесет и две годишниот скопјанец кој вчера усмрти дваесет и четиригодишната Викторија Николова од Радовиш покосувајќи ја на пешачки премин на булеварот Партизански одреди не бил под дејство на алкохол, покажуваат првичните анализи на крвта и урината, објавува телевизија Телма.

Полицијата попладнево во Обвинителството ја достави пријавата против возачот кој се уште се наоѓа во полициска станица каде чека обвинителот да соопшти дали ќе бара притвор за него.


Од Обвинителството засега само со информација околу превземените мерки.

ОЈО: „Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, а нареди и вештачење на примероци од крв и урина од возачот на автомобилот со цел да се утврди дали тој управувал со возилото под дејство на алкохол или други недозволени супстанции.Издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот на местото каде се случи несреќата“

Трагичната незгода се случи нешто по 19.30 часот на оваа раскрсница кога дваесет и двегодишниот скопјанец со неговиот автомобил удри во Николова. За брзината со која возел сведочат трагите од ударот на возилото. Николова минувајќи го пешачкиот премин била само два чекори пред нејзиниот пријател и тоа го спасило од сигурна смрт.

Снимките од камерите поставени на раскрсницата но и на објектите во непосредна близина на крстосницата ќе го дадат одговорот што точно се случило, зошто според изјави на сведоци возачот претекнувал друг автомобил непосредно пред пешачкиот премин, дали и кое светло било вклучено на семафорот за возачот.

МВР има подготвено законски измени кои предвидуваат повисоки казни за овој тип на кривични дела и бара од пратениците да ги изгласаат..

Оваа трагедија е доказ дека сообраќајната култура кај возачите во Скопје но и во државата е на многу ниско ниво, сметаат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

МВР има изречено над 240 илјади казни минатата година, а повеќе од 100 илјади биле за брзо возење во и вон урбаните средини. Во 2021 година 111 лица го загубиле животот, повеќето од нив пешаци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Луди млади”: 81 годишен дедо од делчевско…

81-годишна жена од делчевско вчера пријавила во…

Кумановец заврши во болница откако на глава…

Дваесет и петгодишно лице од Куманово Б.Ф…

Драма во Штип: Маж нападнат пред угостителски…

На 05.06.2022 во 06:30 часот Д.Т.(35) од…

Акција на МВР во Скопје: Пронајдени оружје…

На 02.06.2022 полициски службеници од СВР Скопје…