Не е крај: Ѓоковиќ има уште една шанса, неговите адвокати поднесоа жалба на одлуката

t

По неколку часовно испрашување австалиските власти донесоа одлука да не му одобрат влез во земјата на светскиот рекет бр.1 Новак Ѓоковиќ, поради, како што беше објавено, несоодветна документација. За влез во земјата задолжително е примена вакцина против ковид-19, која Ѓоковиќ не ја прими, но имаше образложение од два независни медицински тимови дека поради неговата здравствена состојба не смее да се вакцинира.

„Му беше кажано да ја напушти земјата во текот на денот. Но, неговите адвокати се во процес на поднесување жалба. Не покажа на царина доволно докази за медицинско ослободување“, изјави Пол Сакал, новинар на австралискиот портал “The Age”.


Новак Ѓоковиќ осум часа беше задржан на аеродромот во Мелбурн, а на крајот не му беше дозволено да остане во Австралија и да се обиде да се бори за 21. Грен слем трофеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Русија ќе продолжи да го поддржува…

Русија ќе продолжи да го поддржува Мали…

КРВАВO УТРО ВО НОРВЕШКИОТ ГРАД НУМЕДАЛ: Најмалку…

Најмалку четири лица се избодени и повредени…

„АДИО КАПЕТАНЕ“: Целиот регион се опростува од…

Откако беше објавено дека телото на Матеј…

ЕУ ќе ги искористи замрзнатите средства од…

Европската унија бара начин како да ги…

Северна Кореја регистрираше скоро 2 милиони пациенти…

Пред само една недела го пријавија првиот…