Објавено на:

Не е ова Македонија – Вучиќ: Кој ѝ дал право на Хрватска да кажува од каде Србија да купи нафта?

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше во живо од Прага, каде што учествува на Самитот на иницијатива за формирање европска политичка заедница.

Вучиќ зборуваше за најважните теми за кои се разговараше во Прага.

Вучиќ рече дека разговарал со претставниците на Норвешка, врз основа на чии совети креира енергетска стратегија.

„Таму се слушнаа многу добри работи, по кој пат ќе тргне Европа. Изградба на поврзувачки преносни системи, нови интерконектори, гасоводи, нафтоводи, за да може да се користи енергија од целиот свет. Во сабота ќе разговараме повеќе за нови инвестиции.Им се заблагодарив на Европејците за поддршката за изградбата на интерконекторот со Бугарија“, рече тој.

Вучиќ рече дека наскоро го очекува претседателот на Азербејџан Илхам Алиев во Белград за да обезбеди нови извори на гас.

„Од Русите купувавме нафта по добри цени. Сакавме да продолжиме, но не успеавме да се договориме. Исто така, сакам да им објаснам на луѓето што се случи со нафтата. Вчера, на тој состанок, кога сè требаше да биде договорено, на иницијатива на Хрватска, а поддржана од две земји, една балтичка и една недалеку од балтичките земји, ја тргна таа тема од дневниот ред. Хрватскиот премиер излезе со теза дека не е фер што Србија има таква цена на нафтата.. Па чекајте, ја казнувате Русија или Србија?“, праша Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшно невреме во Хрватска: Ветер со 150…

Ветер до 150 километри на час синоќа…

Османи: Опасно е да имаш сосед како…

Косовската претседателка, Вјоса Османи изјави дека „опасно…

(Видео) „И да се судриме, нè боли…

Ај престигни го оној камион, и да…

Србите од регионот, меѓу кои и пратеникот…

Србите од Хрватска, БиХ и Република Српска,…

Вучиќ: Србија не сака да влезе во…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска истакна…