Не е сигурен договорот со Србија за струјата, откри Ковачевски и тврди дека сме добивале пет пати поевтини сметки

t

Државата обезбедува субвенционирана цена на електричната енергија со што за пет пати го намалува трошокот на граѓаните, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски и нагласи дека се водат интензивни преговори со други држави за да се обезбеди електрична енергија по пониски цени од берзанските.

Со Србија постои можност, меѓутоа не 100-процентна, заради тоа што мора да биде реализирана низ мултилатерални договори, бидејќи ние имаме когенеративна централа во приватна сопственост не во државна на територијата на државата. Доколку Србија успее да обезбеди поевтин гас, тој гас би се донел и доколку успеат да го донесат до земјава со оглед на тоа дека интерконекторот со Бугарија кај Жидилово е закупен на долгорочен договор од страна на ГАСПРОМ. Тој не е во сопственост ниту на Република Cеверна Македонија, ниту на Бугарија, ниту на Србија, туку на ГАСПРОМ Русија. Само тие можат да дадат дозвола каков и колку гас да поминува низ гасоводот. Доколку се успее да се направи тоа значи дека поевтина цена на гас ќе произведе поевтина цена на електрична енергија која нормално дека ќе биде размената, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање за енергетската криза на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања

За справувањето со енергетската криза рече дека во изминатиот период се реализирани состаноци во Софија, Белград и Грција.

На овие состаноци е договорено да нема забрана за увоз на енергенси од Грција, бидејќи можеше да се случи Грција да забрани извоз на лигнит, на јаглен и мазут зашто ги користи за производство на сопствена електрична енергија. Од страна на Бугарија постои волја од нивните вишоци произведени во нуклераната централа дел да бидат испорачани преку директен договор на Република Cеверна Македонија. Но, заради тоа што Бугарија има законска обврска согласно својот закон сите вишоци да ги продава преку берза, а цената на бугарската берза е повисока и од КУПЕКС берзата, тие мора да имаат законска измена а немаат парламент во моментов со која што ќе овозможат директен договор за продажба на базна електрична енергија и дополнително одобрување од ЕУ бидејќи Бугарија е земја членка на ЕУ, појасни Ковачевски.

Посочи дека се разговара и со државната енергетска компанија на Турција од каде исто така се бара базна енергија при што се преговара за дупло поевтина електрична енергија од берзанската. Преговорите, како што рече, ги води Министерството за економија и за тоа во детали се информирани претседателите на стопанските комори.

Таму треба да се направи одобрување од турската Влада и обезбедување на прекугранични капацитети преку кои ќе дојде таа електрична енергија во Cеверна Македонија и компаниите за кои зборуваме во Cеверна Македонија да се обврзат дека таа електричната енергија ќе ја купат со оглед на тоа дека тоа ќе биде авансно платено од државата, а тие ќе мора да ја платат за да не остане непотрошена во системот, посочи Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев се жали: Наместо европска солидарност Бугарија…

Владата на холандскиот премиер Марк Руте на…

Естонија купува американски ХИМАРС!

Естонија, земја-членка на НАТО, која граничи со…

За 29% зголемено производство на струја на…

АД ЕСМ соопшти дека за 11-те месеци…

Чудно но вистинито: Лишен од слобода жител…

Денеска (03.12.2022) во периодот од 05.00 до…

Левица: Нема класно без национално ослободување!

Нема класно без национално ослободување порачаа од…