Не запираат измамите со сообраќајки – скопјанка „олеснета“ за 45 илјади денари

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари.
Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат. Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во парк Жена Борец, а подоцна сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пожар во близина на Битола
На социјалните мрежи се појавија фотографии од…
Клековски: Треба да пресметаме дали е поедноставно…
Треба да направиме проценка дали ни е…
Семејството на починатиот: Докторот беше пијан! –…
Седум дена вратите на семејството Адеми од…
Што работел Локалниот совет за превенција во…
Општина Кочани, според официјалните податоци, има формирано…
Четири момчиња загинаа во Албанија откако се…
Четири момчиња на возраст од 20 до…