Објавено на:

Не запира: ЕУ во април имала инфлација од 8.1%

t

Потрошувачките цени во Европската унија во април се зголемиле за 8,1 отсто на годишно ниво од 7,8 отсто во март, покажуваат денешните конечни податоци на Евростат.

Стапката на инфлација во еврозоната во април изнесувала 7,4 отсто на годишно ниво, што е непроменето во однос на март, објавено е на веб-страницата на статистичката агенција на ЕУ.


На месечно ниво, инфлацијата во ЕУ во април пораснала за 0,8 отсто, а во еврозоната за 0,6 отсто.

Меѓу земјите-членки на 27-члениот блок, највисоки годишни стапки на инфлација минатиот месец се регистрирани во Естонија (19,1%) во Литванија (16,6%), а најниски во Франција и Малта, по 5,4 проценти во двете земји.

Во април девет земји на ЕУ немале двоцифрена годишна стапка на инфлација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица го “нокаутира” Бесими: Со ребалансот проектира…

Министерствата на Владата за време на економска…

Хрватска со рекорди бројки на инфлација: Стоките…

Највисоко поскапување има кај цените за транспорт,…

Русија е крива: Рекордна инфлација во Германија

Стапката на инфлација во Германија во мај…

И во Србија не цветаат рози: Голема…

Потрошувачките цени на производите и услугите за…

Нов раст на инфлацијата во Грција

Годишната инфлација во Грција бележи нов скок…