Не застанале на знак од полицијата и исфрлиле марихуана – уапсени четири лица од Кавадарци

Уапсени четворица кавадарчани кои избегале на сообраќајната полиција, а притоа исфрлиле дрога од возилото со кое патувале.
На 04.10.2023 во 20.45 часот на влез во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци ги лишиле од слобода Д.А.(36), М.А.(33), А.Ј.(33) и Д.Б.(25), сите од Кавадарци. На патот од с.Марена кон Кавадарци, полициски службеници дале знак за запирање на возило „опел астра“ без регистарки ознаки, кое го управувал Д.А., а останатите лица биле сопатници. Возилото не застанало и во движење од возилото била исфрлена марихуана, која била пронајдена и одземена. Набргу, на влезот од Кавадарци, возилото било запрено, а лицата биле лишени од слобода, соопшти полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лекарите од Ургентно се спремни за Новата…
Во пресрет на новогодишната ноќ, Клиниката за…
Црна Гора и Босна со најголем процентуален…
Црна Гора и Босна и Херцеговина(БиХ) забележаа…
ВРИЕ од полиција во Бургас: Убиен е…
Почина 54-годишниот бизнисмен Атанас Николов, познат по…
(Видео) Спектакуларен дочек на новата година во…
Индија зачекори во Новата година. Најспектакуларниот дочек…
(Видео) Необичен триаголен авион снимен во Кина
Во последните денови, глобалната воздухопловна заедница, како…