Не очекуваат големи врнежи на снег

Од утре до четврток времето ќе биде стабилно. Утре со засилен северен ветер, а во следните два дена со ниски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Од УХМР влажен бран со врнежи од снег очекуваат од петок.
Времето денеска е променливо облачно со слаба магла по одделни котлини, во источните делови посончево. Во западните делови на повисоките места и на планините попладне ќе има повремени слаби врнежи од снег, а на пониските места од дожд.
Кон крајот на денот повремен снег ќе има и во североисточните делови. Попладне ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје времето е променливо облачно со слаба магла. Попладне ќе дува умерен северен ветер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предупредување од УХМР: Ни доаѓа пеколно жешко…
Времето утре ќе биде сончево и топло…
УХМР со прогноза до петок: Влошување на…
Утре и во понеделник особено во западните…
На Попова Шапка 11 степени под нулата…
Најстудено изутринава во државава е на Попова…
(Видео) Експресна реакција на Ѓорѓиевски: Екипите на…
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…
Тажна слика од Мариопол: Жителите топат снег…
Во украинскиот град Мариопол, луѓето топат снег…