Објавено на:

Не се прошета за џабе: Џонсон понуди Британија да овозможи обука на 10.000 украински војници

t

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој е во посета на Киев, ѝ понуди на Украина помош за обука на вооружените сили на земјата на територијата на европските земји.

Тој предложи да се спроведе голема операција за обука на украинските сили, која за 120 дена ќе овозможи обука на 10 000 војници.


Во предлогот на Џонсон се наведува дека на секои четири месеци ќе може да се обучуваат до 10 000 украински војници.

Џонсон во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Британскиот премиер објави фотографии од него и Зеленски и напиша „Господине претседателе, Володимир, добро е повторно да се биде во Киев“.

Тоа е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Сирените за воздушен напад се огласија…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека…

Надежта последна умира: Џонсон верува дека Украина…

Британскиот премиер Борис Џонсон за време на…

Украинците во Доњецк чекаат оружје

По падот на регионот Луганск украинските вооружени…

Зеленски бара 100 милијарди евра за обнова…

„Закрепнувањето на Украина е најголемиот придонес за…

Трас денеска ќе го објави планот за…

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас…