Објавено на:

Не се прошета за џабе: Џонсон понуди Британија да овозможи обука на 10.000 украински војници

t

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој е во посета на Киев, ѝ понуди на Украина помош за обука на вооружените сили на земјата на територијата на европските земји.

Тој предложи да се спроведе голема операција за обука на украинските сили, која за 120 дена ќе овозможи обука на 10 000 војници.

Во предлогот на Џонсон се наведува дека на секои четири месеци ќе може да се обучуваат до 10 000 украински војници.

Џонсон во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Британскиот премиер објави фотографии од него и Зеленски и напиша „Господине претседателе, Володимир, добро е повторно да се биде во Киев“.

Тоа е втора посета на Џонсон на Киев од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската државна нуклеарна агенција тврди дека Русија…

Украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом тврди дека…

Украина го признава Косово? Пратеник поднесе иницијатива…

Украина го призна Косово - пратеник поднесе…

Конашенков: За еден ден елиминирани преку 500…

Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана,…

(Видео) Македонските тенкови испратени во Украина стасале…

Голема колона тенкови е забележана утрово во…

(Видео) Тоа е просто пекол, не се…

Тоа е само пекол! – Зеленски ја…