Низа свечености по повод 30-годишнината од формирањето на АРМ: Петровска ќе додели златни значки за долгогодишна служба

t

На свечен настан во касарната „Илинден“ по повод 30 години од формирањето на Армијата, на повеќе од 200 офицери, подофицери и цивилни лица во Армијата, министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со началникот на ГШ Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски утре ќе доделат златни значки за долгогодишна служба во Армијата.

Благодарниците и признанијата на припадниците на Армијата, како што информираше денеска на прес-конференција министерката Петровска, се за сите долги работни денови, за нивниот труд и напорна работа, за нивниот личен влог кој овозможи да имаме армија достојна за почит, армија која има највисока доверба кај граѓаните.

Таа информираше дека на еден ден пред главната свеченост која е на 18 август, а ќе се одбележи под мотото „30 години безбедност, стабилност и доверба“ во касарната „Илинден“, на воениот стадион во Скопје во среда 17-ти август во 18:30 часот, граѓаните ќе имаат можност да видат дел од најновата модерна опрема на Армијата, да се дружат со армиските специјалци и секако да се забавуваат со воениот оркестар и со изведбата на повеќе наши музички ѕвезди.

-Во среда на воениот стадион ќе бидат изложени првите шест нови оклопни транспортери од американско производство кои неодамна пристигнаа и со кои значително се влијае на борбената готовност на армијата. До крајот на годината ќе биде испорачана и нова пратка од 27 вакви возила и понатаму следуваат испораките согласно  договорот, истакна Петровска.

Потенцира дека ќе набават и други системи кои ни се потребни, сепцијални возила за посебни намени, артилериски системи и муниција, против воздушен одбранбен систем, а нагласи и дека во наредниот период започнуваме и со обнова на нашата воздухопловна компонента. 

Покрај модернизацијата и набавката на воена опрема и вооружувања, министерката се осврна и на дијалогот од синдикатите и унапредување на правата на припадниците на Армијата.  

-Кон крајот на минатиот месец беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата, со кој сакаме да обезбедиме и обезбедуваме фер услови за работа на припадниците и валоризација на нивното место во нашето општество. Она што ме радува најмногу е што овие измени ги донесовме со голема поддршка исто како што во процесот за изработка на ова законско решение имавме силна соработка и сплотеност со сите чинители, и со Армијатам и со синдикатите од областа на безбедноста, истакна Петровска.

Некои придобивки од овој закон, како што појасни министерката, се стекнување на правото на пензија со навршени 40, односно 38 години за армиските припаднички во висина од 80 проценти од најповолните 10 години работен стаж, можност за исплата на опремнина на професионалните војници кои сакаат по завршување на 45 години старост да ја напуштат армијата и тоа ќе биде во висина од две просечни плати, но не помалку од илјада евра за секоја година помината во Армијата.  

На брифингот со новинарите, началникот на ГШ Ѓурчиновски информираше дека согласно новите измени за служба во Армијата, има голем интерес за заминување во пензија на професионалните војници под многу поволни услови. Тој нагласи дека покрај сите можности што им се нудат за пензионирање за лицата кои ќе заминат во пензија, а се во добра кондиција се планира да се ангажираат во концептот активна резерва која ќе се ефектуира во идно време.

Министерката и Началникот потенцираа дека како никогаш до сега Армијата е атрактивна за младите професионално да и се приклучат, а според Ѓурчиновски тоа се должи на условите, стандардот, примањат, односите во Армијата, обуките, напредувањата како и можностите за едукација во замјава и странство. Тие најавија дека во септември оваа година ќе биде објавен конкурс за 200 војници, на кој, според нив, а поради атрактивноста на Армијата, се очекуваат над 1000 кандидати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ашковски разочаран: Заслужувме многу повеќе од двата…

Очекувано не можеше да се сокрие разочарувањето…

И покрај поразот Милевски смета дека сме…

Македонија вечерва го загуби последниот натпреват во…

(Видео) За малку ќе беа “пошљакани”: Тензијата…

Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија кој вечерва се играше на…

Социјалните мрежи вријат: Едни велат “Таче е…

Македонските фудбалски репрезентативци вечерва беа поразени од…

Македонија со пораз го заврши овогодинешното издание…

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз го заврши овогодинешното…