Никовски: Власта манипулира со граѓаните дека на маса не се идентитетот и јазикот во преговори со Бугарија, погубните политики се на штета на Македонија

t

„Ова со Украина, нас ќе не врати уште повеќе назад. Украина сега ќе биде главниот центар на интерес. Балканот, ЕУ и проширувањето ќе биде под маса. Иако и досега беше така, сега може дури да биде и на земја., уште подолу“, нагласи Ристо Никовски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Никовски додаде дека Франција нема да дозволи проширување и тоа многу јасно го кажува тоа. Додека не се реформира ЕУ нема да има проширување. А, тоа реформирање најмалку ќе трае 10-тина години.


„Македонските преговори за ЕУ ќе траат 20-25 години, па можеби и никогаш нема да завршат. И тоа се реални состојби“, рече Никовски.
Никовски посочи дека власта се додоворува на Бугарите.

„Нашите „лидери“ цело време не уверуваат дека ние не преговараме за идентитетот наш, јазикот, тие не биле на дневен ред. А, сега јас ќе докажам дека тоа се чисти манипулации со народот, тоа се класични измислици. Сега ќе ви кажам што изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ на 28 февруари, значи пред недела дена – „Бараме решение кое нема да го загрози статусо на нашиот јазик и ќе успееме во тоа. Доколку не се договориме околу тоа прашање, никаков договор со Бугарија“. Чекајте сега дали јазикот е тема на преговорите, што тврдат дека не е? Овој вели ако не се договориме околу јазикот нема решение“, појасни Никовски.

Никовски додаде дека власта признава дека македонскиот јазик е на дневен ред во преговорите со Бугарија.

„Де факто тие ни кажуваат дека се преговара за јазикот. А, еве што вели Османи нашиот министер за надворешни работи кој никогаш не вели Македонија и Македонци, тој на брифинг кој што е одржан на 13.02.2022 – „Најважното прашање за нас се идентитетските прашања во преговарачката рамка како европски решенија, за нив е прашањето на бугарската заедница во Република С. Македонија. И тоа го идентификува на некој начин патот по кој треба да се движи овој процес“. Значи најважно прашање за нас се идентитетските прашања во преговорите со Бугарија, значи тие се на маса“, истакна Никовски.

Никовски го цитираше Бојан Маричиќ кој вели – „Ако има луѓе кои се декларираат како Македонци во Бугарија“. Оваа изјава на Маричиќ беше погубна, по оваа изјава премиерот требаше веднаш требаше да го смени. Ако Маричиќ не знаел дали има Македонци во Бугарија требал да праша. Потоа изјавата на Маричиќ продолжува со – „Ако има Македонци во Бугарија, постојат голем број на конвенции, принципи, повелби, декларации за нивните права, но ние не се мешаме“. Никовски укажа дека оваа изјава на Маричиќ била на 18.01.2022.

„Ако веќе има дилема дека има Македонци, и изјавуваат дека бугарскиот Устав не дозволува, па тогаш повикај се на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур“, повика Никовски.

Никовски додаде дека власт води погубни политики, кои се повеќе на штета на Македонија и македонскиот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Русија ја користи храната…

Европската унија не смее да стане зависна…

Светска банка: Војната во Украина може да…

Шефот на Светската банка, предупреди дека руската…

Путин почна да дели пасоши во окупираните…

Во блиска иднина во Керсон треба да…

Е*ете се со вакви предлози: Украинците гневни…

Советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович користеше…

(Видео) Дали Преспанскиот договор ќе биде загрозен…

Дали Преспанскиот договор ќе биде загрозен доколку…