Никогаш нема да „оживеат“ здруженијата „Цар Борис“ и „Иван Михајлов“

t

Уставниот суд вчера ја отфрли иницијативата на битолчанецот Љупчо Георгиевски од поранешното здружение „Иван Михајлов“ за оценка на уставноста на ретроактивното дејство на измените на Законот за здруженијата и фондациите од ноември 2022 година, со кои се утврди дека во називите на граѓанските организиации не смее да има имиња на лица поврзани со фашизам, нацизам, Третиот рајх итн.

Од Уставниот суд информираат дека е отфрлена иницијативата за оценување на член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, бидејќи Судот веќе се има произнесено по ова прашање.

Првичната одлука по слична иницијатива е донесена во мај 2023 година и сите слични иницијативи што во иднина би пристигнале во Судот со барање за поништување на повратното дејство на законските измени, а со што би се отворил пат за „оживување“ на здруженијата на македонските Бугари „Цар Борис“ и „Иван Михајлов“, нема да бидат разгледувани, затоа што за тоа веќе е одлучено.

Во образложението од Уставниот суд за првата иницијатива во мај за оценка на уставноста на законските измени, Судот одлучи дека нема да покрене постапка затоа што измените се во согласност со Уставот и ќе останат во правниот промет. Тогашниот подносител ги оспори како цензура и како прекршување на член 16 од Уставот кој ја гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување…

„Судот како релевантен го зема членот 54 од Уставот во којшто е утврдено дека слободите и правата на човекот и граѓанинот може да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот и дека ограничувањето на слободите и правата не може да се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата јавното изразување на мислата и вероисповеста. Уставниот суд оцени дека апсолутност и неограниченост на овие слободи не значи дека е дозволено тие да бидат злоупотребени, во смисла на нарушување на јавниот ред и мир, повреда на достоинството и интегритетот на личноста, како и доведување во прашање на слободите и правата на другите граѓани. Судот оцени дека е погрешно толкувањето и заклучокот на подносителот на иницијативата дека со оспорените законски измени е воведена цензура на неприкосновените слободи и права на здружување и на основање на здруженија“, информираше Уставниот суд во мај, после одлуката.

Во врска со Комисијата за употреба на имиња при Министерството за правда, Судот оцени дека не се губи веќе стекнатото право на здружување, туку се определува начин на основање на здруженија и фондации со утврдување на конкретни граници за употреба на имиња на историски личности кои нема да предизвикуваат нетрпеливост, нарушување на јавниот ред и мир и дополнителен услов за опстојување на оние организации кои се веќе регистрирани, што е право на законодавецот.

„Станува збор за усогласување на веќе регистрирани организации со новите законски измени и поставување на еднакви законски правила за сите здруженија на граѓани и фондации, што е во функција на воспоставување на единствен, а не двоен правен режим во поглед на условите при регистрирање на овие организации. Оттука произлегува оправданоста на одредбите со кои се бара во легитимен рок од три месеци од денот на влегување во сила на овој закон, да ги усогласат своето име или назив, програма, цели и дејности согласно одредбите. Поради тоа Уставниот суд оцени дека нема повратно дејство во смисла на значењето на уставната забрана за таквото дејство на законите и другите прописи“, соопшти тогаш судот.

Отварањето на двете здруженија со скандалозни називи, битолското „Иван Михајлов“ и охридското „Цар Борис“ лани предизвикаа сериозно нарушување на билатералните односи помеѓу Македонија и Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонија има со што да се…

На натпреварот American protege, кој се одржува…

(Видео) Украинците со дронови ги нападнаа градовите…

Украински беспилотни летала ги нападнаа руските градови…

Се укинува проверката на факти за Фејсбук…

Како што се поместува целото американско гласачко…

Макрон: Иранската нуклеарна програма се приближува до…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека…

Блинкен: САД испратија голема количина оружје во…

Во два наврати пред почетокот на војната…