Никола Димитров се жали: Втора година по ред не ме канат на Преспа форумот!

Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и министер за надворешни работи Никола Димитров во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 рече дека втора година по ред Владата и МНР како организатори на Преспа форумот за дијалог, кој годинава е во тек во Струга, не сакаат да го поканат да учествува.
Две години по ред не сум поканет на Преспа форум. Ќе се видиме на Преспа форумот, ќе ми речат странците, а јас во наводници им кажувам дека нема да дојдам. Ова што е повик за единство се празни зборови и полутажна ситуација, рече потписникот на Преспанскиот договор.
Димитров ги повтори своите критики дека 80-90 отсто од евентуалниот влез на Македонија во ЕУ зависи од наш самите.
Бродот оди надолу, има неуспеси во реформите, образованието, здравството, а спасот се гледа во еден кош – проширувањето на ЕУ, но драстична е разликата од тоа што се зборува и тоа што се зборува дома, вели Димитров.
Тој додаде дека под претпоставка уште утре Брисел да не прифати како земја-членка, младите со ЕУ-пасош ќе се разбегаат, затоа што ништо не е средено и тоа е потврда дека нас повеќе ни е потребен процесот, отколку самото членство.
Во поглед на уставните измени и преговорите помеѓу политичките партии, тој вели дека Софија ако сака да биде искрен пријател треба да седне повторно на маса и да направи отстапки.
Ние имаме поприлично едностран договор пренаклонет кон една членка, кон бугарските позиции, кој е неспроведлив. Бугарија треба да размисли ако сака да ги заштити тие работи треба да направи нешто и за македонската страна. Пакетот е толку искривен и ние сме толку навредени заради негацијата, што многу граѓани во Софија гледаат непријател. Ако им е гајле за нашите односи, Софија треба да се вложи. Оваа дебата кој да влезе кој да излезе од влада е само едно замачкување, смета Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Владата на Мицкоски доделила државно земјиште…
Партијата Левица остро реагираше на одлуката на…
„Се прашуваш каде живее човекот“, вели Жерновски…
Според Евростат, последни сме во Европа по…
Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…
Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…
Нуклеарниот часовник повторно отчукува: Светот се приближува…
Во најновиот годишен извештај на Стокхолмскиот меѓународен…
Алиу: Прво пребројување на паркинг местата во…
Новиот министер за здравство Азир Алиу, одговарајќи…