Николовски: Имаме големи залихи кај млиновите – 50 илјади тони пченица, 10.000 тони пченка

t

Преземени се сите неопходни мерки, има залихи на жито, а стоковите резерви се на законски пропишаното ниво, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водсотопанство Љупчо Николовски.

– Имаме големи залихи кај млиновите – 50 илјади тони пченица, 10.000 тони пченка, јачмен за кој што постигнавме во овие три години целосно задоволување на домашното производство. Тоа се залихите коишто ги имаат и млинарите, стопанствениците. И тоа потврдува дека имаме доволно количини, рече Николовски, одговорајќи на новинарско прашање по денешната посета на фабриката „Бако” во Визбегово.


Дополнително, посочи дека се преземаа неопходни мерки, се разговараше со Србија со која има договорено количина од 50.000 тони.

– Веќе се работи динамичкиот план, интензивно и овој викенд службите на Министерството и секторите разговараат со стопанските комори со министерствата во регионот и тој динамичен план ќе биде доставен, редовно ќе се обезбедува потребата од пченица. Постојано разговараме, правиме анализи, ги следиме бројките и на залихите и на мелничката индустрија и на потребите од извоз коишто во овие два месеца до жетва се потребни. Верувам дека потребните количини кои мелничката индустрија ги бара од 50.000 тони преку динамичкиот план што беше побаран од нас да биде доставен до Србија и дека ќе имаме непречена набавка во тој дел, рече Николовски.

Паралелно, вели, воведена е забрана за извоз заради заштита на домашното производство, да не настанат некои турбуленции и пореметувања на пазарот.

– Воопшто нема простор за никаква паника и никакви лажни информаци и фабрикување на лажни вести. Владата секој ден повторува дека стоковите резерви се на нивоата коишто се пропишани со законот, така што сметам дека сите ние имаме обврска да ја смируваме состојбата и да ги пренесуваме точните, вистински, реални аргументи, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Нека побараат од Украина да им…

Британските власти треба да бараат од украинската…

(Видео) Најмалку осум лица ранети истрелување во…

Најмалку осум лица се ранети во истрелување…

Захариева: Западот го дели светот на оние…

Западните земји се уште имаат колонијален однос…

(Во живо) Тешка сообраќајна несреќа во Радишани

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу…

Шокантно тврдење на Ненад Чанак: Русија планира…

Според политичарот од Војводина, Москва би го…