Николовски: Увозот на пченица од Србија треба да започне наредната недела

t

Колку количини на пченица, сончоглед, јачмен и останати суровини ќе се увезат од соседна Србија ќе зависи од македонските компании и трговците, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство, водостопанство, Љупчо Николовски при посетата на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант” во Штип.

Очекува следната недела, кога ќе завршат административниот дел и формалностите да почне увозот на лебното зрно и останатите суровини, за кои македонските компании имаат договорено со своите партнери од Србија.

Николовски посочи дека задача на Министерството и на Владата беше да обезбеди да се тргне забраната за извоз на пченица и на останати суровини од страна на Србија.

-Количините кои се неопходни ние ги прегледавме, искомунициравме и одржавме состаноци со сите комори, со сите економско-социјални партнери на Министерството, со сите компании, коишто имаат договори се со цел бидат земени предвид. Договорот којшто е постигнат е дека е отстранета забраната за извоз кон Република Северна Македонија и второ дека ќе се реализираат сите договори меѓу трговските партнери, вели Николовски.

Посочи дека како Влада не преговораат колку количини на пченица и на останатите суровини ќе се узвезат од соседна Србија, туку на компаниите им обезбедија да се тргне забраната

-Она што бевме информирани дека од Србија се бара и од многу европски земји, огромни количини на пченица и на други производи. Меѓутоа приоритет имаат земјите од „Отворен Балкан”, С Македонија и Србија се основачи на „Отворен Балкан” и гледаме дека како во време на светска криза, во време на војна, во време на затворени пазари, ние сега имаме отворен пазар. Ние сега имаме дијалог, соработка и го постигнавме тој договор, вели Николовски.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нагло порасна цената на житото!

Цената на житото на светските берзи се…

Имаме па ќе даваме на други: Укината…

Владата на денешната 87. седница донесе одлука…

Путин: Западот го ограби украинското жито

Русија не го започна конфликтот во Украина,…

Цената на пченицата трипати пониска од брашното…

И кога нема доволно, откупната цената на…

Голем пад на цената на житото по…

Неодамна потпишаните договори во Истанбул за непречен…