Николоски од Стразбур: Македонците не се производ на коминтерната, ние сме посебен македонски народ кој зборува на македонски јазик

t

Откако започна агресијата и анексот на Крим во 2014, секогаш сум ја поддржувал Украина и Украинците во нивната борба за слобода, самоопределување и демократија. Во 21виот век кога светот разговара за нови технологии, зелена агенда и развиток на вселенското истражување, никој не можеше да замисли војна. Војна во Европа е најстрашната работа која што можеше да се случи. Затоа, силно ја поддржувам Украина и затоа треба вечерва да го усвоиме овој извештај за последиците на руската агресија кон Украина, рече во своето обраќање во Стразбур, Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изминатите два дена, слушам од нашите украински колеги за страдањата со кои се соочуваат. Слушајќи ги овие шокантни сведочења, можам само да направам паралела со судбината и негирањето на македонскиот народ, и вековните спорови со нашите соседи кои биле и се поголеми и помоќни. Со векови нашите соседи ги оспоруваа Македонците како посебна нација, култура и посебен македонски јазик. Ние бевме жртви и протерувани за време на балканските војни и за време на грчката граѓанска војна, и конечно оспорувани во 21виот век. Негирањето на украинскиот јазик и тезата дека Украинската нација се творба на Ленин и комунистите е слична со тезата за негирање на македонската нација и јазик и тезата дека Македонците се творба на Тито и комунистичката коминтерна. Оспорувањето и омаловажувањето на двете нации и јазици има многу сличности и симболика, дури се употребуваат и истите зборови. Ова не беше случајно, што дури и големиот филозоф Францис Фукујама, авторот на легендарната „Крајот на историјата и последниот човек“ вели дека има многу сличности во наративите користени против Македонија и Украина и негирањето на Македонците и Украинците, истакна Николоски.

Основната вредност на демократијата е дека луѓето одлучуваат за самите себе, но исто така и за тоа кои се и што се. Тоа е цивилизациска придобивка од која нема враќање и кој ниту една војна или блокада можат да ја спречат. Со тоа, слободно можам да им кажам на Македонците дека нашата борба и судбина е слична со украинската и затоа мораме да ги поддржиме со сето наше срце. Ние сме мали и не можеме многу да направиме, но и најмалата поддршка значи многу во овој виор на војна. Во историјата, македонскиот народ секогаш бил на правата страна, ќе бидеме на страната на вистината и во оваа криза и воена агресија, во ова страдање и несреќа што се случува во Украина. Украина ќе победи. Вистината и демократијата ќе победат, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Јакимовски до Мицкоски: Кој сакаше да…

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски вели…

(Во живо) БРУКА: Тројца адвокати наплатиле скоро…

Уредникот на Инофмакс, Александар Митовски, во денешната…

Маричиќ: Сега мора да има национален консензус…

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска…

Естонија бара НАТО да ги засили патролите…

Естонскиот министер за одбрана, Хано Певкур го…

Путин го унапреди Кадиров во генерал-полковник

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров од денеска…