Николоски соопшти: Утре ќе се одлучува дали Русија ќе биде исфрлена од Советот на Европа

t

Денес и утре, Парламентарното Собрание на Советот на Европа одржува итна сесија на која единствена точка е воeната агресија на Русија над Украина, а во текот на утрешниот ден, во пресрет на гласањето во однос на предлогот за активирање на член 8 во вечерните часови, се очекува обраќање да имаат пратениците.

Меѓу нив ќе биде и Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во изјава за Фокус вели дека се очекува да се усвои заедничка позиција со која, како што посочува, ќе се побара активирање на членот 8 од Статутот на Совет на Европа, според кој, доколку Русија самата не истапи од членство, ќе биде исклучена.

Исклучувањето на Русија е голем удар за неа и силна порака на останатите земји-членки дека воената агресија е најлошото нешто што може една држава да го направи. Никакви изговори и оправдувања не може да оправдаат војна – вели Николоски.

Тој додава дека Советот на Европа е основан во 1949 година на урнатините на Втората светска војна, со цел, нагласува Николоски, на Европскиот континент да овозможи соработка и основно почитување на човековите, јазичните и малцинските права, а страдањата од војната никогаш да не се повторат.

Советот на Европа е толку значаен, што исклучувањето од членство може да се спореди само со иклучување од членство во Обединетите нации – објаснува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа.

Покрај него, во Парламентарното Собрание на Европа учествуваат и Дарко Каевски од СДСМ и Арта Биљали Зендели од ДУИ.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Толку од Украина, ситно броиме до војна!…

Церемонијата на потпишување на договорот за припојување…

Ќе почне ли тогаш “вистинската” војна? Луганск…

Луганската Народна Република треба да стане дел…

Им забранија да купуваат дијаманти: Советот на…

Советот на ЕУ усвои нови мерки против…

(Видео) РУСКАТА АРМИЈА И ТЕХНОЛОГИЈА ПОВТОРНО ПРИСТИГНУВА…

Првиот железнички состав натоварен со борбена и…

МНР потврди: Русија ќе им продава на…

Руското Министерство за надворешни работи потврди за…