Никој веќе не се вакцинира: Бугарија уништува Ковид-вакцини со поминат рок

Бугарија уништува големи количини на вакцини со изминат рок против Ковид-19 и не планира да ги обнови своите резерви, изјави бугарскиот министер за здравство Асен Меџидиев.
„Во моментот, никој не сака да се вакцинира“, рече Меџидиев во интервјуто на државната телевизија.
Веќе се уништени огромни количества на вакцини со изминат рок, а уште на 2,8 милиони дози ќе им истече годинава рокот. Тој и соопштил на Европската комисија дека Бугарија сака да стави крај на договорот со Биотек / Фајзер, според кој Бугарија е должна да купува вакцини против коронавирус до 2025 година.
Меџидиев истакнал дека овој став го поддржувааат и Полска, Чешка и Литванија. Инаку, Бугарија има најниска стапка на вакцинирани во Европската унија. Според официјалните податоци, од 6,5 милиони население само 30 проценти имаат примено основна доза на имунизација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарски академик: Треба да ја промениме политиката…
Проф.д-р Спас Ташев од Бугарската академија на…
“Врие од кодоши”: 48 кандидати за пратеници…
Со текот на времето се намалува бројот…
Бугарија сепак го одложи влезот во еврозоната:…
Има формални критериуми за влез на секоја…
Шамар од Стејт департментот за Бугарија: Незаконски…
Акциите на бугарската влада за справување со…
(Видео) Крвава случка: Роми во Бугарија се…
Шест лица се повредени во масовната тепачка…