„Никој не е над законот, почитувајте ја независноста на судството“, ѝ порачаа САД на Северна Македонија

t

САД сметаат дека корупцијата е главна пречка за напредокот на Северна Македонија и причина за неуспехот на економските реформи.

Во изјава за Гласот на Америка, функционер на Стејт департментот порача дека новата влада треба да ги применува постоечките закони и да ги повика на одговорност функционерите кои не работат во интерес на народот.

„Никој не е над законот; применете ги вашите постоечки алатки и закони за поголем резултат; и почитувајте ја судската независност. Народот заслужува неговите лидери и функционери да бидат повикани на одговорност“, вели тој.

САД ги поддржуваат напорите за казнување на оние што ги искористуваат законските дупки за лична корист, а граѓаните треба да бараат интегритет од власта.

Истовремено, функционерот нагласи дека судството треба да бара одговорност од корумпираните, додека САД ќе продолжат да го поддржуваат процесот на изградба на јавната доверба преку зајакнување на одговорноста и независноста на антикорупциските тела.

Целиот текст ТУКА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клековски: Лекувањето на изгореници е долг процес,…

Пациенти со тешки изгореници продолжуваат да се…

Претседателот на Унгарија го потпиша законот со…

Унгарскиот претседател потпиша закон со кој ќе…

Мирен собир за жртвите од Кочани вечерва…

Вчера повикавме на мирен собир денес да…

(Видео) Слушнете го детето кое е еден…

Искреноста на децата во светот на возрасните…

Мега скандал, екипата на Инфомакс следена во…

Екипата на Инфомакс која ја следеше трагедијата…